Не ми се допадна песната: Се огласи Бресквица по обвинувањата дека не ја платила песната која беше објавена без нејзина дозвола
Анџела Игњатовиќ Бресквица се огласи по обвинувањата на Стефан Димитријевиќ Леон, кој тврди дека новата песна „Сама“, популарната пејачка не му ја платила...
Откако во медиумите се објави интервјуто на Стефан Димитријевиќ Леон, во кое тврдеше дека пејачката испаднала многу непрофесионална, се огласи и Бресквица.
Имено, Леон имал соработка со пејачката на песната „Сама“, а откако Анџела изјави дека песната е смешна, се огласи и пејачот.
„Не молеше да ја чуваме песната, а ние го направивме тоа. Приказната се одолговлече неколку месеци, додека до пред два дена не ја видовме нејзината објава на Инстаграм, каде објасни дека проектот „Сама“, кој го работевме за неа, не е ништо освен една шега“ - откри пејачот за „Србија Данас“.
Сепак, Бресквица реши да ја објасни целата приказна во која е вмешана.
„По повод информациите кои стигнаа до медиумите и злоупотребата на моето име и штетата која ми е нанесена, имам потреба да ви се обратам. Имено, пред неколку месеци снимив демо снимка за една песна која пред неколку дена без мое знаење и одобрение се појави во јавноста. Инаку, има многу песни за кои досега снимив демо верзии, што не значи дека се подготвени за публиката. Познато е дека јас професионално пристапувам кон својата работа, имавте можност и неодамна да забележите дека со песната објавив и спот, па ни овој пат не би било ништо поинаку доколку имав намера да го објавам тоа“ - зборуваше Бресквица.
Леон, сѐ уште не се огалси по повод ова демо видео кое стана вирално на социјалните мрежи, но оваа злоупотреба, како што вели Брексвица, ѝ направила многу проблеми во кариерата.
„Едноставно, кога го отпеав ова демо, не ми се допадна и не сакав да го пуштам во јавност. Се надевам дека авторите ќе пристапат професионално, дека вакви работи нема да се повторуваат. Јас морам да ги известам луѓето кои ја следат мојата работа и кои го сакаат она што го работам дека сѐ што ќе објавувам во иднина, ќе го објавувам на своите верификувани интернет платформи, па нема да има потреба за вакви злоупотреби“ - изјави Бресквица.