НЕ МОЖАМ ДА ГО ПОДНЕСАМ ОВА: Снежана Ѓуришиќ во шок по заминувањето на Мерима Његомир

НЕ МОЖАМ ДА ГО ПОДНЕСАМ ОВА: Снежана Ѓуришиќ во шок по заминувањето на Мерима Његомир

Објавена во: Живот // Живот

Легендата на српската народна музика Мерима Његомир почина на 68 години, а нејзината повеќедецениска колешка и пријателка Снежана Ѓуришиќ со потресни зборови се опрости од неа.

„Не можам веќе да го поднесам ова, ова е веќе премногу, толку луѓе заминуваат, стана сериско заминување од овој свет, страшно е веќе“ - изјави Ѓуришиќ.

Пејачката вели дека прво била многу потресена од информацијата дека е болна.

„Како гром од ведро небо, тоа сигурно е болест која молчи, а кога ќе дознаете, веќе се поодминало и е доцна. Последен пат ја слушнав по првата хемотерапија, добро звучеше, но беше многу свесна. Мерима е жена која отсекогаш занела, реално и правично ги прифаќаше работите околу неа. Изгубивме прекрасен борец, прекрасна жена, мајка, уметник, пејачка, пријателка“ - раскажа Снежана која додава дека ѝ неверојатно тешко и жал.

„Беше тука секогаш кога требапе. Било што и да се случи, особено непријатни работи, таа само се појавува, тука е. Беше тука! Беше многу духовита, имаше големо музичко знаење, што и го покажа како една од неприкосновените пејачки. Живееше за она што го сака“ - заклучи Снежана.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: