Не наполни ни 19 години: Синот на познатиот фудбалер Михаел Балак настрада близу семејниот дом
Познатиот германски фудбалер Михаел Балак остана без синот Емилио, кој трагично го изгуби животот во близина на семејната куќа во местото Троја, во Португалија.
Поранешниот германски репрезентативец Михаел Балак доживеа голема загуба. Неговиот 18-годишен син Емилио Балак почина во Португалија во тешка сообраќајна несреќа. Тој возел четирицикл во близина на нивната куќа.
Несреќата се случила ноќта помеѓу средата и четвртокот во местото Троја. Како што наведуваат странските медиуми, момчето го возело четирициклот по нерамен терен, а возилото се превртело и го здробило. Пожарникарите стигнале на местото на несреќата за да го ослободат, но залудно. Уште на местото на несреќата му била констатирана смрт.
Reports of a tragic incident coming out now stating that Michael Ballack’s son Emilio was killed in an accident last night.
— ً (@TheFergusonWay) August 5, 2021
My thoughts and prayers go out to Ballack and his family in this tough time. Rest in Peace
Life is so unfair man, he was just 18.. pic.twitter.com/Fn4FA5uXC5
Михаел Балак, неговиот татко, важи за еден од најуспешните германски фудбалери на сите времиња. Играл за Бајерн Минхен, Бајерн Леверкузен, Челзи... Со фудбалот заврши во 2012 година.
Емилио е роден во 2002 година, во бракот на Михаел со Симон Ламбе. Имаат уште два сина Луис и Џорди.
фото: Profimedia