Не научив да бидам добар: Напуштен стар Лабрадор на себе имал порака која ќе ви го скрши срцето
Да постои совршен свет, нема да постои ниту една скршена кучешка душа. Но, реалноста е поинаква. Група луѓе пронашле стар црн лабрадор врзан за метална ограда.
Вработените на Службата за бездомни кучиња Совел, откако го пронашле кучето вчера, сподели фотографии од него на Фејсбук во кои бараат да се идентикува сопственикот.
Но, она што на сите им ги скрши срцата е суровата порака, која била оставена покрај животното. На стутканото парче хартија пишувало: „Те молам ќе можеш ли да ме земеш, бидејќи мојот сопственик ме напушти по 10 години, затоа што не научив да бидам добар, па затоа ме врати овде, каде што ме најде.“
За среќа, вработените од службата наскоро објавија вести дека сопственикот на ова куче е пронајден, како и неговото пошироко семејство, кое „го познава и сака кучето“ и ќе ја преземе грижата за него.