Не плаши се: Да бидеш „сингл“ и не е така лошо!
Да се биде „сингл“ е всушност „кул“ и тоа од милион причини. Ние ти извојуваме само 10, се надеваме дека ќе се сложиш со нас.
# Можеш да се дружиш со пријателките и никој да не ти приговара потоа тоа „А јас? За мене немаш време?“.
# Во кино не мора да гледаш филм кој што не го сакаш.
# На секоја забава можеш да флертуваш со кој сакаш, а на својот грб да не го чувствуваш „неговиот“ лут поглед.
# За викенд можеш да правиш што сакаш, повеќе нема гледање фудбалски натпревари.
# Повторно можеш да си ги чуваш плишаните играчки во својата соба без страв дека тој ќе мисли дека си детинеста.
# Кредитот на телефонот ќе го трошиш само за пријателките, нема повеќе слатки пораки. Секако ќе остане нешто и за да видиш што има на социјалните мрежи.
# Сето свое време и енергија можеш да ги посветиш на најважната личност на светот - на себе.
# Кога ќе излезеш, можеш да си ставиш црвен кармин за усни без страв дека тој за ова ќе ти прокоментира нешто.
# Кога наеднаш другарките ќе те повикаат да излезете, на никој нема да мора да му објаснуваш како тоа наеднаш сте се договориле.
# Нема ништо послатко од „лов“ на ново момче.