Не сака да слушне: Новата девојка на Бред Пит остро одговори на прашањето зошто ја мрази Џоли
Никол Потуралски, новата девојка на Бред Пит, објави фотографија во тесен фустан и предизвика збунетост со описот под фотографијата.
Имено, Никол во описот на фотографијата на која позираше во краток портокалов фустан напиша: „Среќните луѓе не мразат“.
На ова следуваше прашање од нејзин следбеник: „Тогаш, зошто ти и Бред ја мразите Анџелина? Практикувај го она што го проповедаш девојко“ - на што убавата манекенка веднаш мораше да одговори.
„Не мразам никој“ - напиша таа.