Не сакам да бидам дел од манифестација поврзана со политика: Се огласи Антониа откако го откажа учеството на музичкиот спектакал на плоштадот „Скендербег“
Откако се објави владината реклама дека на Мировниот фестивал, кој предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи, ќе пее и Антониа Гиговска, младата пејачка го откажа своето учество.
Имено, таа нема да настапи на музичкиот спектакал кој ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“, по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, а за истото се огласи и на својот профил на Инстаграм.
„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие зарнеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна“ - вака Антониа го започна своето излагање, а потоа додада дека не сака да биде дел од манифестација која е поврзана со политика:
„Јас не сакам да бидам дел од манифестација поврзана со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене. Во почит, Ваша Антониа“.
фото: Принтскрин / Инстаграм