Не сакам да те изгубам, твојот дух е скршен: Сопруга на Алек Болдвин сподели емотивна фотографија
По трагедијата на снимањето на филмот „Rust“, животот на познатиот актер повеќе никогаш нема да биде ист...
Холивудскиот актер Алек Болдвин го доживува најтешкиот период во својот живот, а и понатаму не е во состојба да го прифати фактот дека на снимањето на филмот „Rust“ се случила стравична несреќа во која животот го загуби директорката на фотографија, Халина Хачинс.
Снимателката неодамна беше кремирана, истрагата е и понатаму во тек, а медиумите не престануваат да известуваат за состојбата и движењето на Болдвин. Со него цело време е неговата сопруга Хиларија, која по грижата за шесте деца успева да му пружи утеха, а ова се зборови кои ќе го „скршат“ секое срце.
„Овде сум, те сакам и ќе се погрижам за тебе. Тоа беа единствените зборови кои ми дојдоа во глава кога дознавме дека Халина починала. Се сеќавам дека таа фраза одново ја повторував. Стравична загуба, мака на нејзиното семејство и тебе, мојот сопруг, кои некако се пронајдовте во овој незамислив кошмар. Тој момент е врежан во моето паметење, фотографите кои те опкружуваат, ме телефонираат мене, ја документираат твојата агонија. Не можев да бидам близу до тебе за да те прегрнам, се слушнавме преку телефон, само визуелниот приказ кој светот може да го види“ - напиша Хиларија и додаде:
„Нашиот јавен живот ни носи голема радост во поврзувањето со неверојатните луѓе и огромната траума кога ќе дојде мракот. Мислењата и уновчувањето во нашите животи стануваат прегласни и претерани. Се плашев што ќе се случи ако се отвориш, бидејќи видов дека духот ти е скршен, менталното здравје скршено, а душата во незамислива болка. Понекогаш се прашувам колку едно тело и еден ум може да поднесат. Не сакам да те изгубам“ - напиша сопругата на актерот помеѓу останатото.