Не сакам ќерка ми да биде како јас: Ана Николиќ искрено за мајчинството, па откри каков однос има Раста со наследничката
Ана Николиќ ја отвори душата и раскажа како ја воспитува ќерката, како и каков однос има таа со својот татко Раста...
Пејачката Ана Николиќ во последно време слободно зборува за својот приватен живот, бракот со Раста и зошто го носи неговото презиме, но и остро ги критикува хејтерите на социјалните мрежи.
Бидејќи познатата пејачка кажа во една прилика, свесна е дека крајот на бракот влијае на детето и поради тоа многумина ги интересира како ја воспитува ќерката Тара, како и колку Раста е вклучен во нејзиниот живот.
Имено, таа за сето ова зборуваше кога беше гостинка во емисијата „Сценирање“ на Курир телевизија.
Пејачката нагласи дека не би сакала нејзината ќерка да биде како неа и откри на кој начин ќе го спречи тоа.
„Веројатно, како што сега јас имам свое дете, на неа ѝ посакувам да го прави она што сака, но ѝ сигурно не сакам да биде јас. Па, нека биде, но јас имам план А, Б и В. Ќе ѝ закажам турнеја од точка А до точка Б, од точка Б до точка В, знчаи како што мене Марко 6 ноќи поврзано ме носи на 3 континенти, 2 земји, тоа е планот А. Тоа сѐ ќе биде кога ќе заврши со училиште. Не можам да откријам баш сѐ, ќе ја гледа и таа оваа емисија, ќе останеме во време“ - кажа Ана Николиќ.
Ана отворено зборуваше и дека е строга мајка, како и дека верува дека е како нејзината мајка.
„Моментално сум многу строга. Јас сум контроверзија што се вижи, некогаш не сум ни објаснива ниту на самата себе, имам некои многу конзервативни, традиционално карактеристики, а од друга страна повотрно е мојот избор на професија. Строга мајка сум, бидејќи сметам дека сето тоа потекнува од моето семејство, бидејќи и мојата мајка беше многу строга до пубертетот, а потоа и јас Тара ќе ја префрлам на татко ѝ кога ќе почне тоа лудило со пубертетот, па тој нека ја брка по училишните дворови, а јас сум сега строга. Имам тепалка за муви и стапче од врба и ѝ велам „бирај“ - исткана пејачка.
Пејчката откри и каков е односот на нејзината ќерка со татко ѝ, раперот Раста.
„Засега јас сум ѝ единствен авторитет во смисла дека се плаши само од мене, татко ѝ го врти околу малото прсте како и сѐ околу себе“ - кажа пејачката.