„Не се караме, секогаш гледаме да најдеме заедничко решение“ - Интервју со дечките од ZeeBomb!
Со само неколку настапи позади себе, Насте и Шишка или поточно ZeeBomb веќе имаат мала армија од обожаватели. Песната „Лаганини“ одлично помина кај публиката, а во продолжение прочитајте го разговорот со нив, а во него ќе откриете многу интересни работи за оваа дуо.
#Кои се Насте и Шишка и како се споивте во „ZeeBomb“?
Насте: Во кратки црти, јас
сум џинџерот, имам 20 години, живеам во аеродром, пишувам и снимам музика.
That's me baby.
Шишка: Јас сум бушавиот, а другово нема некоја разлика
и јас имам 20 години и живеам у аеродром, пишувам и снимам, само што плус цртам
од време на време.
Уште кога се запознавме станавме на некој
начин ZeeBomb, се' што правевме, правевме како едно, а ZeeBomb како име природно дојде покасно.
#Како започна вашата приказна?
Од сам старт се погодивме и бевме заедно скоро секој ден, у прв план ни беше да си проаѓаме топ, а главна тема на муабет беше музиката како и секогаш. И времето си го напраи своето.
#Кој од вас двајца е посериозен кога е работата во прашање?
Не сме лоши и двајцата, ама може да се каже дека Шишка е маалку посериозен.
#Знаете ли да се испокарате, доколку имате различни мислења кога е работата во прашање?
Не се караме, секогаш гледаме да најдеме заедничко решение, некаков компромис. Нема напето - лабавиме у стил, хехе.
#Како се испирирате за да создадете ново кул парче?
Звучи клише, но главна инспирација ни е животот и како ние гледаме на него, а конкретно околу текстовите и песните оставаме природно да течат работите.
#Ќе може ли публиката да очекува концерт?
За самостоен концерт се уште е рано, но може да очекувате доста настапи. Планот ни е да се фокусираме на албум до крај на оваа година, а во меѓувреме да извадиме и неколку синглови.
#Која ви е целта? Каде се гледате за 10 години?
Целта ни е да се изразиме најдобро што можеме, да создадеме квалитетна музика и истата да ја споделиме со што е можно поголем број луѓе. А, за 10 години да сме здрави и живи. Најбитно ни е моментално да делуваме најдобро, а тоа ќе сигурно ќе ни донесе добра иднина понатака. Не се брзаме, има време.
#Кој хаштаг го користите најчесто?
Порано користевме се и сешто за hashtag, ама во последно време слабо. Ама еве еден добар #laganini хаха, peace.
Ивана Мисајловска