Не секој би се осмелил да го направи ова: Џои Кинг направи драстична промена во фризурата (ФОТО)
Мораме да признаеме дека стилот на оваа актерка нѐ изненади сите...
Џои Кинг за црвиот килим по повод својот најнов филм целосно го промени својот имиџ. Навикнати сме да ја гледаме со темни нијанси на коса, како од светло до темно кафена, но овој пат нѐ изненади.
Ѕвездата од филмовите „The Kissing Both“ ги шокираше сите со појавата на црвениот килим. На премиерата на својот нов филм „Bullet Train“ се појави со потполно нов имиџ, кој не го очекувавме од неа, со оглед на тоа што секогаш ја гледаме во некои лежерни и поинакви изданија.
Најголем шок всушност беше нејзината нова фризура, бидејќи се одлучи за краток, асиметричен боб и тоа ни помалку ни повеќе во светло розова боја. Досега сме навикнати на нејзините обични фризури во кафени нијанси, но со ова Џои отиде еден черко понатаму.
Со оваа драматична промена на фризурата, носеше едноделен, обичен, црн комбинезон, кој ѝ стои многу убаво, но претпоставуваме дека се одлучила за едноставна комбинација за да може да ѝ дојде фризурата до израз.
фото: Принтскрин / Инстаграм