Не сме пријатели со Војаж, мојата песна е одговор: Бресквица откри и дека би сакала да сними дует со Карлеуша

Не сме пријатели со Војаж, мојата песна е одговор: Бресквица откри и дека би сакала да сними дует со Карлеуша

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица деновиве со новата песна „Сречан пут“ цврство стои на првото место на сите трендинг листи во регионот, па и во нашата земја.

Песната досега има скоро 7 милиони прегледи, а за првите 24 часа „собра“ неверојатни 2 милиони. 


Вчера, за првпат по разделбата даде ексклузивно интервју за „Телеграф.рс“, а во него откри дали новата песна е посветена на нејзиното поранешно момче Михајло Веуровиќ - Војаж, во какви односи се тие двајца, но и колку ѝ значи поддршката од пејачите кои се многу подолго на музичката сцена.

Анџела вели дека таа и Михајло не останале во пријателски односи по разделбата, но и не сакаше да зборува многу за своето поранешно момче, кое, од друга страна, отворено зборува за сè.

„Песната е одговор на сите прашања кои новинарите, а и публиката ги поставуваа. Тоа е мојата страна од приказната и одговор, тоа е тоа. Во некои моменти можеби малку ја пуштив фантазијата, за да се римува, за да се вклопи... Сето тоа е уметност. Дефинитивно, тоа е одговор на сите ваши прашања“ - кратко и јасно посочи Бресквица за „Телеграф“.

„Не останавме пријатели. Не се слушаме, нема потреба. Нема зла крв, со среќа, се е топ, но мислам дека нема потреба за било каков контакт“ - додаде.

Новата песна на Анџела ја пофали и познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, но и јутјуберот Бака Прасе. Таа го изгледала видеото во кое Богдан ја коментира и признава дека многу е изненадена од неговата реакција.

„Сите ми испратија, семејството и луѓето од работа, многу се изненадив. Навистина, јас неа ја следам, многу ја сакам, почитувам и ми е мила, тоа ми значи многу. Ми значи што повозрасните колеги ме поддржаа, тоа е навистина голема работа. Би снила дует со Карлеуша, а дали би сакала таа со мене?“ - откри младата пејачка, а потоа даде коментар на коментарите на јутјуберот:

„Бака ме изненади, видеото го гледавме сите во семејството, сè е кул, видеото е сосема интересни, му благодарам на оцената.“

Целото интервју на Бресквица за „Телеграф“ може да го погледнете ТУКА


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: