Не сте виделе ништо слично: Откачена фризура на Џиџи Хадид која се прави за минута и дефинитивно е за девојки кои имаат храброст

Не сте виделе ништо слично: Откачена фризура на Џиџи Хадид која се прави за минута и дефинитивно е за девојки кои имаат храброст

Објавена во: Мода // Moj стил

Една од најуспешните жени во светот на моделингот, неодамна сподели многу интересно селфи.

Манекенката Џиџи Хадид на свет ја донесе ќеркичката Кај, но брзо се врати на работа.

Таа, откако во бременоста некако се повлече од социјалните мрежи, сега е повторно активна на Инстаграм, па на обожавателите на крајот од април им се заблагодари на честитките по повод нејзиниот 26 - ти роденден, споделувајќи две фотографии, кои се направини за време на средувањето за едно снимање.

На многумина им падна во око дека покрај тоа што Џиџи изгледа преубаво, американската манекенка има фризура која ќе ја копираат девојките ширум светот и која потсетува на оние од 90 - тите. Меѓутоа, наместо две тенки плетенки кои паѓаат покрај лицето, Хадид се реши на двата поголеми прамени да нареди силиконски ластичиња со неутрална боја, со тоа што ѝ даде една откачена црта на фризурата.

Во прашање е фризура која без сомнеж многу подобро изгледа на долга коса, но можете да ја носите и доколку имате коса со средна должина. Со вака стилизирана коса полесно ни е да ги замислиме помладите девојки, но дефинитивно е забавно и оригинално решение за некој кој има повеќе храброст.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: