Не сум луда да се омажам: Ана Бекута проговори за врската со Милутин и за приватниот живот
Загрижениот израз на лицето на Ана Бекута од пред неколку дена откри дека нешто сериозно се случува во нејзиниот приватен живот.
Откако летово политичарот Милутин Мркоњиќ беше опериран од аортната валвула, се запали црвеното светло и многумина се загрижија откако слушнаа дека тој е повторно во болница. Сепак, пејачката веднаш ја смири јавноста со официјално соопштение дека Милутин е добро, но и дека изминативе денови е му бил вграден пејсмејкер.
Но, бидејќи деновиве неговата состојба се влоши, Ана откри дека прославата по повод една деценија од нивната љубов ќе почека малку.
„Најдобрите работи се случуваат кога најмалку се надеваме. Јас едноставно се препуштив и кажав: Бог нека го испрати она што смета дека ми треба. Да не губиме надеж без оглед на падовите и бродоломите. Вистинскиот човек ќе се појави тогаш кога ќе биде подготвени за тоа, кога ќе се засакате за тебе. Јас навистина се изначекав, првата половина од животот ми помина во барање. Кога се запознавме, имав 52 години, тој скоро 70. Но, доколку се сретнавме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не дека знаеме во 20-тите и 30-тите што е тоа љубов... Дури подоцна тоа го сфаќаме, кога со мудроста и искуството некои работи ќе се стават на свое место“ - истакна Ана.
Иако совршено се сложууваат, еден чекор напред во врската, на пример брак, не планираат. Тоа, мора да се признае дека би било совршена круна на 10-годишната љубов. Но, тој е официјално оженет, а таа нема намера повторно да застане на „лудиот камен“.
„Не планирам да се мажам, не сум луда. Сакам да бидам слободна, а довербата помеѓу нас постои од самиот старт. Бракот и онака ништо не би променил“ - заклучи Бекута.