Не верувала дека толку лесно може да се забремени: Останала бремена на 13 години, а еве како живее денес (ФОТО)
Меди Ламберт денес е 19-годишна мајка од Тексас, чие дете ќе наполни 6 години...
„Имав само 13 години кога почнав да се гледам со своето прво момче кое беше една година постаро од мене. Не знаевме многу за сексот, во училиште нѐ учеа дека апстиненцијата е најдобрата заштита од бременост и болести, но ни кажаа дека е многу лесно да се забремени. НАвистина, немав поима дека толку лесно може да останам бремена“ - кажа Медо во видеото кое го објави на Јутјуб.
По неколку недели врска, момчето ја оставило и тоа многу ја погодило.
„Цело време спиев и лежев во кревет. Потоа почнав да повраќам. Не знаев што ми се случува. Кога ми задоцни менструацијата, помислив дека сум бремена. Но, не можев да си го признаам тоа на себе“ - вели Меди, а потоа откри:
„Со денови седев на wc школката, го притискав стомакот и го молев Бог да добијам менструација“.
Додаде дека по неколку недели, мајка ѝ ја однела на доктор и дознале дека е бремена.
„Мајка ми ме прегрна и ми кажа да не се грижам. Тогаш ми беше многу полесно“.
Потоа му се јавила на момчето да му каже дека е бремена, но тој не ѝ поверувал.
„Кога отидов на преглед и кога го видов моето бебе на ултразвук, ме преправи чувство на љубов. Знаев дека сѐ биде добро и дека ми е судено. Тоа бебе го спаси мојот живот, бидејќи поради неа станав подобра личност“ - раскажа Меди.
Додаде дека пријателите и другите тинејџери ѝ се смееле и дека ѝ се обраќале со погрдни имиња, но дека воопшто не размислувала за тоа.
Во текот на бременоста имала голема поддршка од своето семејство.
„Кога дојде моментот да родам, бев преплашена, но сѐ помина во најдобар ред. Кога ми ја ставија на гради мојата ќерка, тоа беше најдоброто чувство на светот“ - кажа Меди и додаде дека се надева дека наскоро ќе се запише на факултет, бидејќи сака да студира психологија, а нејзината ќерка наскоро ќе тргне во основно училиште.
фото: Принтскрин / Инстаграм