Неделен хороскоп: Девиците се најсреќни неделава!
Овен
Неделава планетите не се на ваша страна, особено кога станува збор за семејните односи.
Не ја испуштајте можноста за средба со симпатијата. Не се потпирајте многу на оние кои не ги познавате доволно, бидејќи бргу ќе ве повредат.
Среќен ден: среда.
Бик
Време е да започнете да обрнувате внимание на советите на родителите.
Оваа недела нема да имате многу среќа на љубовен план, но не очајувајте - претстојат поповолни денови. Ова е период совршен за дружење и склопување нови пријателства.
Среќен ден: четврток.
Близнаци
Внимавајте, неделава на повидок е расправија со пријателите. Ѕвездите ви предвидуваат интересна средба со симпатијата, но неделава и вие ќе станете нечија симпатија. Следи период исполнет со забава и дружење.
Среќен ден: петок.
Рак
Ова е совршен период за вас - ќе успеете што и да започнете да правите. Неделава ќе бидете повредени од оној од кој најмалку очекувате. Не им верувајте на сите околу вас и создадете си одреден круг на пријатели.
Среќен ден: недела.
Лав
Извинете им се на наставниците со кои се прекоривте минатата недела. Период совршен за расчистување на некои заостанати сметки со симпатијата и за откривање на нови вистини. Новите пријателства не се секогаш онакви какви ги замислувате. Внимавјте да не бидете повредени.
Среќен ден: вторник.
Девица
Успесите ќе се нижат на секое поле. Периодов ќе уживате во друштво на симпатијата. На крајот од оваа
недела на повидок е одлична забава и многу нови познанства.
Среќен ден: четврток
Вага
Следи период совршен за промени, па затоа можна е и промена на симпатијата.
Доволно беше со озборувањето. Време е да престанете да ширите невистини за најдобрите другари и другарки.
Среќен ден: среда.
Шкорпија
Заборавете на љубовта и започнете да мислите малку и на пријателите. Оставете му/ѝ малку простор на најдобриот/та другар/ка доколку сакате да го зацврстите вашето другарство.
Среќен ден: четврток.
Стрелец
Не ја трошете цела енергија на забава, одвојте малку време и за себе. Не е сѐ онака црно како што изгледа, постојат моменти кога и вашата симпатија потајно ве погледнува. Одлична недела за дружење и забава.
Среќен ден: петок.
Јарец
Време е да почнете со читање на лектирите, зошто летото е пред самиот крај. На повидок е интересна љубовна средба. Неделава друштвото ќе биде постојано во ваша близина и ќе уживате во излегувањата со најблиските.
Среќен ден: недела.
Водолија
На повидок е караница од која ќе ве одбрани
кој друг ако не симпатијата. Излезете од дома, расположението ќе си го
подобрите само ако се дружите.
Среќен ден: понеделник.
Риби
Ви претстојат многу обврски. Скршеното срце не се лечи со седење дома и мислење на симпатијата. Некој од вашето друштво ќе ви помогне да заборавите на невозвратената љубов.
Среќен ден: понеделник.