НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Доминација за еден хороскопски знак, додека Јарецот копнее за годишен одмор!
Овен
Со својот шарм и смисолот за хумор ќе успеете да ја совладате дистанцата во личните односи, што секој ден ќе се намалува. Саканата личност се повеќе ќе ве поддржува, па ни вие нема да и останете должни. Ќе ви биде навистина мило што е така. Малку повеќе труд ќе покажете во дејностите каде што треба да се покаже креативност или каде што има публика. Тоа ве мотивира. Во дејностите од сенка , ќе се трудите толку колку што се мора, иако не сте свесни дека и по тој пат може да се стигне до височините.
Бик
Пред вас се денови богати со излегувања и забави. Многумина ќе си го подобрат својот социјален живот, ќе среќаваат интересни лица, а ќе има и такви кои ќе се најдат пред прагот на вљубување. Колку што вие мислите на саканата личност, толку и таа мисли на вас. Ќе имате многу добри совети и уште подобри намери кон соучениците. Некои ќе доминираат.
Близнаци
Бидете мили со саканата личност и не ги земајте премногу сериозно околностите кои не ви одат од рака. Деновите се такви што ќе треба да се прилагодувате. Оние кои ќе го направат тоа со повеќе компромиси, ќе уживаат во поголемата меѓусебна доверба. Многу обврскисе пред вас, а со тоа и напори. Деновиве ќе почувствувате дека повремено ви недостига енергија. Затоа е подобро што повеќе да се организирате за да бидете поефикасни.
Рак
Дискреција во интимноста ќе ви биде главно обележје по кое деновиве ќе се раководите во интимниот живот. Можеби на саканата личност повремено ќе и одите на нерви, зашто кога таа ќе сака да излезе , вие ќе сакате да останете дома. Бидете малку поотворени кон друштвото. Ќе изгледа како сите нешто да претеруваат, а вие ќе немате никакви очекувања. Едноставно ќе знаете дека коцките се поклопуваат со се поголема брзина, а вам ви останува да се прилагодите најдобро што знаете. Тоа ќе биде лесно со мала самоконтрола.
Лав
Пред вас се денови во кои ќе има шарени љубовни искуства. Оние кои се уште се сами нека се дотераат и излезат меѓу луѓе, но нивните критериуми нека бидат реални. Оние кои се во врска ќе бидат сосема задоволни, доколку ја прифатат саканата личност каква што е. Сакате креативна или уметничка работа, но овие денови ценете ги повеќе дејностите што се сигурни. Стабилноста е тема за која ќе дискутирате со соучениците.
Девица
Повремено ќе доаѓате во искушение да се скарате, да приговарате или да ја критикувате другата страна. Можно е и обратно, други вас да ве критикуваат. Само со повеќе хумор и самоконтрола работите ќе тргнат на подобро. Потрудете се. Уметниците пред публика, спортистите и деновиве ќе добијат убава можност во својата „работа“. Некои можеби и ќе се залетаат и ќе почнат да градат кули од воздух. Останете на земја, зашто славата е преодна.
Вага
Вашите лични односи ќе бидат добри, но нема да имате причина за воодушевување. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разбиена со мали кавги или провокации. Не дозволувајте да се зголемат. Останете мирни и чувајте го она што го имате. И тоа е нешто. Ќе ги земете работите во свои раце, ќе дадете се од себе и ќе направите голем чекор напред. Оние кои учат со вас, ќе го ценат вашиот труд. Некои веќе сега би можеле да добијат заслужено признание или барем пофалба за постигнатото.
Скорпија
Токму кога се истрениравте се да ви биде рамно, повторно се буди љубовта. Малку сте изненадени од новата ситуација, но ќе се прилагодите. Секому е попријатно да биде со некого отколку сам. Сепак не приговарајте, дури и кога сметате дека би требало. Ќе направите нови планови на полето на училиште. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во практиката или барем да ги почнете.
Стрелец
Следните неколку дена љубовните стремежи ќе бидат главно платонски. И покрај тоа, чувствувате се поголема потреба за љубов , како и за тоа да сонувате за своите идеали. Затоа некои ќе бидат во дилема дали да излегуваат или да се повлечат во својот свет. Вашите професори деновиве би можеле да одиграат улога во вашиот живот. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас.
Јарец
Ќе бидете среќни зашто другите ве разбираат. Од таму ќе порасне довербата во врските, како и вашите очекувања кон саканата личност. Оние кои уште бараат сродна душа, полесно ќе ја сретнат на необични места или на места поврзани со уметноста. Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе сакате да заминете на годишен одмор.
Водолија
Повеќето наредни денови вие ќе се потрудите да ги исполните своите или нечии други љубовни очекувања. Вториот дел од неделата носи уживања на подискретен начин , но и натаму ќе бидете задоволни и исполнети. Можеби само ќе ги намалите излегувањата. Веројатно се ќе ве поттикнува на поголема активност , па и на училиште од вас ќе се бара поголем ангажман. Нема ништо да ви биде тешко , зашто едвај дочекавте ваква можност.
Риби
Убавиот развој на љубовните настани ќе ве поттикнат да организирате излет или заедничко одење на некое интересно место за вас и саканата личност. Ќе биде тоа уживање и за двајцата. Оние кои се уште сами , ќе наидат на љубов додека се на пат. Можеби ќе ви здодее да делувате од сенка и само чекате да дојдете во прв план. Деновиве полека ќе се отвори една врата , но за да блеснете во полн сјај, ќе почекате уште малку. Сепак , секој ден се повеќе доаѓате до израз.