НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Хармонија, спокој и благосостојба за неколку знаци
ОВЕН
Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадат. Динамично ќе ви биде и на училиште, за некои претставници следуваат пофалби. Внимавајте на здравјето. Промената на времето воопшто не влијае добро кај вас.
БИК
Во текот на оваа недела ќе почувствувате внатрешна хармонија. Најпосле ќе можете да разговарате со другата страна поотворено, иако и понатаму ќе го одмерувате секој збор. Подобрувањето ќе ве охрабри повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе почнат да се додворуваат. Ќе пробувате разни опции на учење кои може да ви донесат успеси.
БЛИЗНАЦИ
Насочете се кон она што го сакате вие, а не на она што од вас го очекуваат. Оние што бараат забава може да бидат повикани на забава која ветува. Не е исклучено да ја пронајдете сродната душа.
РАК
Ова се денови кога повеќето од вас ќе евоцираат спомени, ќе се навраќате на некои стари љубови. Во секој случај, нема да ви биде досадно, но не очекувајте ниту сензација. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете повеќе одошто сте очекувале.
ЛАВ
Во љубовта, добро ќе ви оди оваа недела. Само така продолжете. Внимавајте на настинки. На училиште нема да има никаква промена. Можеби треба да почнете да размислувате попрактично, можеби и да аплицирате за некоја обука.
ДЕВИЦА
Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па ова се денови кога лесно можете да најдете друштво. Ако сѐ уште сте сами, немојте да седите дома. Оние што се во врска ќе бидат исполнети. Ќе учите под притисок, но ефективно. Некои соученици ќе ви се чудат затоа што не се навикнати да ве видат во такво издание.
ВАГА
Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за сè и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние што сè уште сами ќе бараат исклучиво личност од соништата. Сè повеќе сте подготвени јасно и гласно да го изразите својот став, а ако се согласува некој со него вие ќе изнесете и аргументи.
СКОРПИЈА
Во темите поврзани со испрашувања или тестови ќе дојде до затегнување, а вие сето тоа ќе мора да го согледате, проанализирате и да донесете одлуки кои ќе ги насочите кон понатамошниот тек на збиднувања.
СТРЕЛЕЦ
Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толеранција, дипломатија и трпение. Токму од тие особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Атмосферата на училиште ќе биде добра. И покрај повремениот умор, вие полесно ќе се изборите со секоја ситуација.
ЈАРЕЦ
На дневен ред доаѓаат недовршени работи од минатото. Некои од нив во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со носталгија или со лутина. Во љубовта не очекувајте ништо спектакуларно.
ВОДОЛИЈА
Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои сè уште бараат сродна душа така би можеле да наидат на љубов, додека оние во врска секој ден сè повеќе ќе откриваат колку се убави и добри малите работи.
РИБИ
Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни во додворувањата и ќе одат до крај. На училиште, професорите може да ја сменат својата тактика и ќе затегнат таму каде што најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе го поднесете.