Неделен хороскоп: Можно остварување на соништата за еден знак

Неделен хороскоп: Можно остварување на соништата за еден знак


Рак

Во наредниот период фокусот ќе биде ставен на љубовната, а не на работата. Астролозите предупредуваат дека зголемената работа може да донесе здравствени проблеми и несогласувања со партнерот. Планетите ви носат пријатни изненадувања! Дури и да ви се променат плановите, тоа не е причина да бидете нерасположени – ќе ви се отворат некои нови можности и ќе можете да најдете решение за решавање на проблеми.

Лав

Единствениот начин да добиете шанса за брз успех во бизнисот и љубовните можности е да покажете поголема флексибилност и да не се држите тврдоглаво до старите модели на однесување. Треба да станете попристапни, поотворени кон другите, да покажете одредена иницијатива. Само така ќе можете да привлечете некого во вашиот живот. На работа ве очекува стабилна и мирна недела.

Девица

Во наредниот период треба сè поотворено да разговарате со блиските луѓе за работи кои ви се случуваат. За да постигнете подобро расположение и внатрешен мир, астролозите советуваат да започнете да водите дневник. Ова е одлична навика која ќе ви помогне подобро да разберете што се случува во вашата душа, да бидете свесни за вашите емоции. Можеби ќе треба да се борите за вашите идеи на работа. 


Претходна страна  Следна страна

Можеби ќе ве интересира:

За Hashtag

Hashtag.mk е првиот портал за тинејџери кај нас. Ова ќе биде твој простор каде ќе можеш да ги следиш животите и кариерите на најпопуларните ѕвезди. Овде ќе може да го прочиташ и видиш она што те интересира за мода, убавина, технологија и наука. Ќе може да решаваш тестови, да споделуваш твои видеа и фотографии, да прочиташ совети за проблемите што те мачат и да ги следиш видеата на најпознатите Јутјубери кај нас и во светот.