НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Некои знаци ќе успеат да ги реализираат плановите, други пак ги очекува среќа во љубовта
ВАГА
Можно е да не сте задоволни со околностите во кои се наоѓате и да мислите дека решението е промена на работата. Партнерот ви е целосно посветен и убаво е кога сте заедно. Грижете се за колената.
ШКОРПИЈА
Не очекувајте важни деловни настани во текот на неделава. Сѐ ќе оди некако бавно. За да преминете на нови познанства, треба да ставите крај на минатото. Мали проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Ако се посветите максимално на работата, ќе бидете успешни. Сега многу зависи само од вас. Ве очекува добра атмосфера со сакана личност која ви ја покажува својата посветеност, приврзаност. Грижете се за синусите.
ЈАРЕЦ
Максимално сте посветени на полето на заработка и многу ви е важно да ја стабилизирате финансиската состојба. Ако ви се допаѓа личност родена во знакот Риби или Лав, нема да ви биде лесно да ја освоите. Променливи хормони.
ВОДОЛИЈА
Не брзајте неделава. Можете лесно да донесете сосема погрешна одлука на ова поле. Можеби ќе бидете малку разочарани кога станува збор за љубовта. Обидете се да не паничите. Одморете се што е можно повеќе.
РИБИ
Вие останувате доследни на вашите принципи и од таа причина вашето деловно опкружување многу ве почитува и цени. Пред вас е познанство со личност која би можела да ви отвори некои нови хоризонти. Имате вишок енергија!
фото: unsplash.com