Неделен хороскоп: Невидена среќа за еден знак од Зодијакот
Стрелец
Вашиот дневен хороскоп е насочен кон љубовта, многу сте романтични и полни со страст, а важно е партнерот да ве „придружува“ во тоа. Дали има некоја неизвесност зад тоа, или нешто што сакате, но не знаете како да кажете? Бидете искрени, отворени и позитивни и само така ќе го добиете токму она што го сакате.
Јарец
Неделава сите очекуваат премногу од вас, а вие мора да повлечете линија и да кажете преку што повеќе нема да преминете. Донесувате одлична одлука во љубовта, таа е врзана за следните неколку месеци и срцето ви трепери од возбуда! Што се однесува до парите, внимавајте на непредвидените трошоци, подобро да ги одложите.
Водолија
Неделниот хороскоп ви предвидува одлични денови, некој труд кој ќе го вложите ќе ви се исплати повеќекратно. Можно е да стекнете пари, а веќе навлегувате во планирање на сериозен трошок за нешто поврзано со вашиот дом. Кога станува збор за љубовта, ако сте во врска, се е како што треба, но ако сте „соло“ копнеете по интимност.
Риба
Неделава вашата случајна забелешка ќе остане во нечија глава, па внимавајте што зборувате, можно е да излезе нешто што не сте мислеле. Во љубовта, партнерот има проблеми со член од семејството и вашата поддршка ќе му биде важна. Обидете се да се опуштите заедно и да се препуштите на страстите, па ќе заборавите на сите „мали“ грижи .