НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Новата недела им носи среќа на овие хороскопски знаци!
Овен
Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личност која сега ќе ја освоите, ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе се зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат. Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште се трудат да ги поправат оценките.
Бик
Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси, средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте се уште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете. Иако имате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани обврски. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин.
Близнаци
Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личностите од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат. Се гледа што сте постигнале до сега. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале.
Рак
Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами. Своите планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница.
Лав
Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг. Училишните задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на учењето ќе му се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат.
Девица
Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна, ќе се појават интересни ситуации, кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте. Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може, нека замине на пат.
Вага
Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќе биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личност со членовите на семејството. Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате.
Шкорпија
Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа, доколку сеуште сте сами. Нема да ви биде тешко да заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика. На училиште малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите, па затоа внимавајте како со нив ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи, зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете.
Стрелец
Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани, но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. Најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите. Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди, зошто тоа е нечија задача или зошто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели.
Јарец
Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации. Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги надминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целта ќе биде проследена со напор, е очекувано.
Водолија
Ќе се чувствувате доволно сигурни во својата врска. Ќе бидете подготвени на секакви лудувања, па и на ризик, зошто знаете дека саканата личност ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите, ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат. Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите.
Риби
Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нема да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред. Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации.