НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Пред Стрелецот се убави љубовни денови, Близнакот ќе биде под стрес!

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Пред Стрелецот се убави љубовни денови, Близнакот ќе биде под стрес!

Овен

Оние кои се уште се сами ќе се двоумат дали да останат дома, каде се чувствуваат заштитено и добро. Сепак, ако се решат да излезат, ќе увидат дека таму ќе се чуствуваат уште подобро. Затоа, би било штета да се пропушти шанса за ново познанство.

Оваа недела на училиштето ќе гледате како да е игра, а тоа ќе ви донесе и радост, зашто нема да биде здодевно. Сепак , важно е да се штеди силата , зашто ќе ви недостига енергија.

Бик

Како што ќе минува неделата , ќе добивате се повеќе покани за излегување и забава, па и покани за љубов. Веројатно ќе бидете добредојден гостин , а вие самите ќе се трудите да не пропуштите ништо. Било во врска или сами , добро ќе си поминувате.

Обидете се да бидете објективни и не брзајте. Не дозволувајте вашето его да ви создаде немири со соучениците.

Близнаци

Многу убави љубовни шанси ќе се нижат во вашиот приватен живот, така што нема да знаете што би избрале. Концентрирајте се на она што го сакате , па ќе знаете исправно да се поставите кон секого.

Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од оваа недела. Се друго ќе биде поврзано со стрес или мали борби во кои ќе согорувате.

Рак

Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толерантност и трпение. Токму од тие ваши особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот.

Со задоволство би сакале да го смените својот систем на проценка на луѓето. Ќе поработите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки , а ќе ги следи и вашата поголема отвореност кон другите.

Лав

Ќе бидете загатка за другите , а во душа подготвени за љубов. Ако сте веќе во врска партнерот повторно ќе се заљуби во вас. Самите ќе бидат повикани во друштво , но на дискретен начин.

Доколку добро ги балансирате обврските и забавата ќе имате успешна недела на училиште.

Девица

Оние во подолги врски , ќе имаат се поголема потреба за интимност , па најверојатно ќе се повлечат дома , за да уживаат заедно.Оние кои уште бараат сродна душа , би можеле да ја сретнат на обични секојдневни места.

Следуваат денови кога ќе бидете вешти во извршување на задачите, но неспретни во изразувањето. Би можело погрешно да ве разберат .

Вага

Планетите ви се наклонети кога станува збор за љубов.Оние во врска сепак нека бидат малку потолерантни . Оние осамените ќе излегуваат и ќе се забавуваат до крајни граници. Ќе им одговараат големи друштва и бучни места.Ќе бидат радосни.

Време е за средување на ситните задачи. И оние познатите , но не преамбициозни лесно ќе ги извршите.

Скорпија

Ќе бидете желни за забава и настани , а нема да има доволно за да ве задоволат. Имајте на ум дека ова е преоден период, па не треба да му придавате преголемо значење.

Ќе комуницирате со соучениците за помали задачи, што ќе ги одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостигаат вистински предизвици , зашто оние кои секојдневно ги доживувате , ќе бидат помалку атрактивни.

Стрелец

Пред вас се убави љубовни денови, во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот друштвен живот ќе станува секој ден се побогат , а вие порадосни. Не седете дома, излезете меѓу луѓе и уживајте.

Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни. Потрудете се и завршете го она што морате , а потоа посветете се на она што го сакате.

Јарец

Ќе бидете расположени за љубов , но другата страна ќе се држи резервирано. Не се откажувајте , издржете. Младите полесно ќе се поврзуваат, а забава нема да изостане.

Пред вас се некои нови можности. Доаѓаат одговорите на претходно поставени прашања.

Водолија

Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина ќе ја обноват својата врска со излегување на убаво место. Самите повторно ќе излегуваат почесто.

Разновивидна работна недела . Од една страна со нетрпение ќе очекувате да се изразите и покажете колку можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои знаат да балансираат.

Риби

Деновиве ќе излегувате поретко и ќе се концентрирате на своето заедничко секојдневие. Нема да ви биде потребна поголема атракција. Ќе ви биде доволно да останете дома со саканата личност или да заминете на место каде ќе бидете сами.

Како што ќе минува неделата , ќе ви биде јасно дека вашите планови поврзани со училиштето се развиваат доста добро. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. 

Можеби ќе ве интересира: