НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Првата недела од месецов носи успеси за овие хороскопски знаци!

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Првата недела од месецов носи успеси за овие хороскопски знаци!

Овен

Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот вистински идеал и ќе тргнат во потрага по тој критериум. Понекогаш ќе бидат блиску , а понекогаш ќе го заборават. Во секој случај , нема да застанат додека не дојдат до она што го замислиле. Држете се до она што ви е замислена цел и спроведете го тоа на дело , без компромиси. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Ќе бидете подготвени и на одредени промени за да постигнете подобри резултати на училиште. Ќе се изборите за нив без одлагање.

Бик

Можно е дека сте очекувале нешто подобро во споредба со она што ви се случува , но ако прифатите дека тоа е добра можност за созревање и развој , повторно ќе бидете во добивка. Од вашиот пристап ќе зависи како ќе се чувствувате во некој личен однос. Ќе бидете борбени и полни со енергија. Ќе станете пример за некои. Тоа е последица на фактот што сега точно знаете што сакате , па нема непотребно губење време на непотребни проценки. Сепак , понекогаш поработете и заедно со другите.

Близнаци

Веројатно сте очекувале нешто поинакво од она како живеете и што сега чувствувате, но тоа е само привремена и преодна збунетост со која треба да се соочите на паметен начин.Се уште имате доволно енергија и заслуги за да ги доведете работите во ред. Ќе успеете. Занесеноста и вештината на  однесување со другите ќе биде вашата главна особина што ќе ја покажете на училиште. Во зависност од видот на обврските, или ќе ве бараат или ќе ве сметаат за несериозни. Главно , држете се до својата професионалност и барањата од вас.

Рак

Првата половина на неделата ќе ви донесе мирно уживање во заедничката врска или дискретна портрага по сродна душа. Љубовта ќе стане страстна во вториот дел од неделата.Ќе има убави средби , но и нетрпеливост. Не се заморувајте со премногу прашања. Иако вашите професори и наставници ќе покажуваат одредена наклонетост кон вас, тешко ќе наоѓате заеднички јазик.Проблемот е во тоа што и двете страни сакаат да доминираат, а во хиерархиските поставености на работите тоа не поминува. Прифатете го вашето место и така однесувајте се . 

Лав

Без оглед што љубовното расположение понекогаш ќе опадне, во срцето ќе си најдете трошка задоволство. Можеби ќе нема толку атрактивни можности, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека ќе ве очекуваат мирни денови. Во соработката со соучениците ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да не изгледате неодговорни. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема смиреност и успех.

Девица

Веројатно ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е мила , а ќе забележите и дека други постојано ве меркаат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека самците ќе излегуваат и ќе заведуваат. Со многу добри резултати. Цела недела ќе бидете насочени на решавање на едно многу важно прашање на тема комуникации.Ќе се отвори можност за остварување на зацртаните цели на училиште. Но , овој пат од тоа ќе зависат многу работи. Покажете што знаете.

Вага

Вашите лични односи оваа недела ќе се развиваат полесно и појасно. Ќе бидете повеќе опуштени и среќни поради тоа. Се што ве измачуваше, некако ќе се намали, па ќе ви се причинува дека ништо негативно не се случувало. Многу двојки ќе си го подобрат својот однос. Со мали чекори може да се помине исто растојание како и со големи. Тоа што во моментов нема возбуда, не значи дека работите на училиште не се одвиваат добро. Малата монотонија може да се надмине со оригинални решенија и хумор.

Скорпија

Не е лошо да се зборува , но немојте премногу , зашто на целата ситуација ќе и одземете од спонтаноста. Пуштете да се развива вашата љубовна приказна, природно и без анализи. За нив ќе има време подоцна. Едноставно уживајте. Оваа недела за некои од вас би можела да донесе нешто ново на училиште. Нема да биде ниту лесно , ниту мазно. Цела недела ќе очекувате состојбата да се разјасни , а кон крајот на неделата ќе изгледа уште посложена. Сепак , брзо ќе увидите каде е причината.

Стрелец

Деновиве ќе минувате доста време со семејството. Оние во нови врски ќе минуваат низ мали кризи во кои ќе треба да покажат повеќе разбирање и толеранција кон другата страна. Со малку такт ќе ги надминете искушенијата. Целокупната состојба на училиште би можела да ви ги направи напорни овие денови. Цело време ќе имате чувство дека ја губите поткрепата или дека многу работи зависат од професорите, а ништо од вас . Тоа е само привремено. Бидете отворени и соработувајте.

Јарец

Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на бројни можности за површни познанства без особени емоции. Добро е за забава. Затоа намалете ги љубовните очекувања. Не е лошо , но паметите и подобри времиња. Оние во врска ќе бидат добро. Се наоѓате во период во кој некои работи треба дефинитивно да ги доведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа би можело да биде малку порадикално. Не се брзајте , најпрво направете проценка.

Водолија

Деновите пред вас ќе ги запаметите по засилениот копнеж и чувството на осаменост. Оние во врска ќе минуваат низ искушение на тема доминација во односите. Самците понекогаш ќе се избрзаат во додворувањата , зашто со нетрпение очекуваат да успеат. Полека. Ќе ви предлагаат многу нешта , но вие самите нема да имете влијание. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте меѓу редови. Она што сега не се прави , ќе се прави подоцна.

Риби

Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен , а тоа ќе ви биде мило. Веќе се заситивте од вашите мечтаења , па подобрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе чувствува и вашата најсакана личност , па среќата нема да изостане. Истражувачите ќе добијат нов поттик. Ќе се трудат уште повредно. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати ќе покажуваат поголема креативност , а нивната интуиција ќе им биде најдобар водич.

Можеби ќе ве интересира: