НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Тајните обожаватели го држат овој знак под лупа!
Овен
Полни сте со креативна енергија и во деновите што следуваат ќе знаете како да ја искористите правилно. Ви следуваат убави мигови за заедничко дружење со саканата личност. Ќе ви годи убавото време и целосно ќе се посветите на партнерот. Можно е да отпатувате некаде и таму да ја реализирате вашата среќа. Уживајте.
Бик
Кај вас ќе биде изразена желбата за патување, забава и големи планови во врска со бизнисот. Вашиот љубовен живот би можел да биде многу динамичен и возбудлив доколку решите заедно со саканата личност да се релаксирате. Не заборавајте да ги запалите свеќите и романтично да поминете незаборавен викенд.
Близнаци
Се нао|ате во период на љубов и зголемено интересирање кон спротивниот пол. Барате некоја личност со која би го поминале остатокот на летните денови. Но, не сте свесни дака таа личност е секогаш околу вас, а вие како да не ја приметувате. Завртете се околу себе и сигурно ќе ја пронајдете.
Рак
Можеби работите околу припремите за годишниот одмор не ви одат баш најдобро, но во љубовта доживувате вистинска ренесанса. Не е битно каде сте, туку со кого сте и на кој начин ги делите заедничките мигови. Свесни сте дека не ви е потребно многу. Затоа обидете се сите работи да ги доведете во најдобар ред.
Лав
Би можеле да се најдете во центарот на вниманието доколку излегувате, а такво нешто и тоа како позитивно ќе ви годи. Можно е познанство со личност со која одамна си разменувате погледи, но никако да се сретнете очи во очи. Ќе се зачудите колку слични работи ве поврзуваат со таа личност.
Девица
Ѕвездите укажуваат на идеален одмор кога летото е во прашање. Вие едноставно ќе уживате во секој момент. Опиени од прекрасната забава ќе дознаете дека некој постојано ве гледа и ве набљудува. Тоа е многу позитивно бидејќи подолго време немате некоја нова личност во вашиот живот која може да ви ја разбие монотонијата.
Вага
Соработката со странци или роднини кои живеат далеку може да ви донесе добивка. Вие знаете дека тоа е идеално за вас, но од друга страна, тоа некако како да не ви прави голем мерак бидејќи самите знаете најдобро како да си заработите, а тогаш сте најсреќни. Сепак, искористете ја секоја поволна прилика.
Скорпија
Вие имате многу планови за оваа недела. Убаво би било да се одлучите само за еден од кој ќе имате извонредна добивка - прекрасно поминати мигови и многу, многу забава. Бидејќи ви се битни и пријателите и партнерот, во нивно друштво ќе се чувствувате фантастично и опуштено, а тоа е токму она што ви треба периодов.
Стрелец
Зар не се чувствувате премногу изморени од работа? Времето е створено за забава и уживање, па би било добро да заборавите барем оваа недела на работните обврски и да се препуштите на убавото време. Нема да бидете свесни колку сето тоа во фали, а ќе почувствувате дека на тој начин максимално ви се полнат батериите.
Јарец
Наградете го вашиот труд, работа, кариера со една прекрасно помината вечер со личност која ви значи. Не ви се потребни гламурозни забави и свечени настани, вам навистина ви е потребно нечие внимание и многу, многу љубов. Сето тоа не е многу тешко да се постигне ако навистина го посакувате тоа и знаете како да го искомбинирате во работната недела. Потрудете се! Нема да зажалите!
Водолија
Бидете искрени кон луѓето кои се фер со вас. Сте заборавиле дека искреноста е еден од најбитните сегменти во животот. Затоа направете реални проценки и кажете ја вистината во вистинскиот момент на оној на кому му е најмногу потребна. На работното поле се тече како што треба. Вашите идеи и планови се со радост прифатени.
Риби
Во постојана потрага по романтика, конечно ќе наидете на романтична личност. Уверете се дали таа ќе биде тоа што навистина го посакувате. Периодот што следи ве очекува зголемена креативна активност и можност за реализирање на повеќе полиња. Дружете се повеќе и стекнувајте нови контакти.