Тренерот Влатко Неделковски повторно го одбра МЗТ - Скопје
Низата успеси поврзани со младиот тренер Влатко Неделсковски не стивнуваат. Откако забележа одличен успех како тренер на Европското првенство до 16 години А девизија, 23 - годишниот љубител на кошарката не застанува.
Иако е помеѓу најмладите, тој е многу успешен во својата работа, а кошаркарскиот клуб МЗТ повторно ќе му биде дом. Тој и оваа сезона на идните кошаркари ќе им го пренесува своето знаење и ќе се бори да бидат секој ден се подобри.
„После напорната сезона во клуб и веднаш потоа за мене најголем предизвик, репрезентација, ми требаше одмор, но не и простор за размислување каде би ја продолжил кариерата. Имав неколку опции и благодарам на сите за довербата што сакаа да ми ја дадат, пред се на господинот Стефано Де Коло од италијанскиот клуб Либертас, потоа неколку домашни тимови, но мојот дом е МЗТ Скопје.“ - беше искрен Неделковски.