Неизбежен тренд: Шик марама која ќе ја разубави секоја фризура
Лентите и марамите во коса ова лето се омилен моден додаток на сите трендсетерки. Не е ни чудо кога се многу практични и слатки. Овој шик украс може да го носите на различни фризури, комбинации и во различни прилики.
Овие додатоци секоја фризура ја прават поинтересна, без разлика дали станува збор за пуштена коса, коњско опавче или пунџа. Одлични се аутфитите кои се носат на плажа, но многу убаво се вклопиваат и во лежерните комбинации за прошетка низ градот.
Големата марама како турбан, дефинитивно е прва помош кога никој не може да ви ја скроти косата или пак кога не можете да стигнете да ја измиете.
Исто така помалите марами може да ги искористите наместо венче, па правата пуштена коса нема да ви смета.
Лежерен, но и шик изглед ќе имате и доколку на подигната или пуштена коса додадете марами кои се совршен летен моден додаток, а идеално одговараат и на кратка фризура.