Нејзината инспиративна приказна е голема лага: Се претставува како успешна филмска ѕвезда и ги лаже сите (ВИДЕО)

Нејзината инспиративна приказна е голема лага: Се претставува како успешна филмска ѕвезда и ги лаже сите (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сигурни и ти ја имаш видено, ако имаш поминато барем 5 минути на ТикТок...

Нема шанси да не ти излегло видео на ТикТок од наводно големата и богата филмска ѕвзда Полина Ниоли, која пораснала во сиромашно руско семејство, а сега е холивудска ѕвезда на оваа социјална мрежа.

Има толку многу измами на социјалните мрежи, а ова е само една од нив, но моментално најголемата. Полина Ниоли на сите им се појавува на ТикТок и сигурно и ти се имаш запрашано која е оваа девојка. Се претставува како голема холивудска ѕвезда, а никогаш немаш слушнато за неа? Не си единствен/а. Нејзините видеа секогаш се толку инспиративни што сакаме да станеме од креветот и почнеме да правиме нешто. Нејзината приказна, која постојано ја споменува, е дека доаѓа од сиромашно руско семејство и дека со својот труд и талент се пробила во Холивуд и сега е богата жена која живее гламурозен живот за каков поголемиот дел може само да сонуваат. Сега луѓето почнаа да ја прозиваат, бидејќи сето тоа изгледа како голема измама.

@veajlo #fyp #foryou #foryoupage #serbia #balkan #greenscreen original sound - jebem vas u mozak

И по коментарите е јасно дека поголемиот дел го мислат исто. Бидејќи ако е толку голема ѕвезда или продуцентка, како немаме ништо слушнато за неа? Излегува дека работела само на 3 филма, а сите три се лоши и непознати. Тие сигурно не ѝ обезбедиле живот каков што прикажува дека има. Во еден од нив глумела, а во останатите два е само продуцент. Нејзиното вистинско име е Полина Пушкарева. И ако ги погледнеш нејзините профили на социјалните мрежи, јасно е дека живее на висока нога, но исто така е јасно дека тоа не е благодарение на нејзината филмска кариера.

Очигледно е дека тука нешто не е во ред и многу луѓе им е доста од таквите нејзини видеа. Има направено профили на различни јазици, за различни држави, па така има и српска верзија, која редовно секој ден им се појавува на ТикТок на корисниците од Балканот. Во коментари сите секогаш се воодушевени од нејзината приказна, бидејќи изгледа како бајка.

@nioly.serbia ko jos ima takav osecaj ? #fypbalkan #fypsrbija #polinanioly #fyphrvatska #viral #foryousrbija Paro - Nej

Иако делува како инспиративна и може да ти помогне како мотивација, за жал, сè повеќе изгледа дека таа приказна не е вистинска. Некои ја споредуваат и со приказната за Ен Сорокин, која исто така лажираше дека е богата, а за која е снимен и документарецот „Inventing Anna“.

@nepherdwen it’s giving Anna Delvey #inventinganna #fyp #nioly #scam exile - Taylor Swift

Како Полина го добила богатството и дали тоа е нејзино богатство и за што точно станува збор, засега никој не знае со сигурност. Следниот пат кога ќе видиш некое нејзино видео, не го зимај здраво за готово.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: