Нејзиниот моден стил не е нејзин избор: Таа нема право да ја одбира својата облека
Моделот Кендал Џенер има само една желба - да побегне од популарноста на своите постари сестри Кардашијан и сама да си изгради име...
Помладата сестра на Ким Кардашијан, 25 - годишната Кендал Џенер е позната манекенка и една од најбараните модели на новата генерација. Благодарение на нејзината мајка Крис Џенер, која воедно е менаџер на сите ќерки, Кендал ги носеше најголемите модни брендови на светската модна сцена.
Сакајќи да се истакне и да избега од сенката на популарните сестри, Кендал е сè што тие не се. Се шпекулираше дека е лезбејка затоа што никогаш не се појавила со момче во јавност.
Се шпекулираше дека „ги продолжила нозете“ со оперативни методи за да може да се занимава со моделинг, но таа посочи дека за нејзината висина е заслужна генетиката. Нејзин татко е Кејтлин Џенер, поранешен познат спортист.
Кендал исто така никогаш не подлегнала на разубавувањето со помош на естетската хирургија, па за разлика од нејзината помлада сестра Кајли, таа сè уште има природни усни, гради и задник.
Сепак, единственото нешто на кое не може да влијае е модниот стил. Како една од подобро платените модели, Кендал мора да го носи она за што ѝ плаќаат - без разлика дали е на писта или дома, во хотел или во ресторан. Кендал го носи она што и го кажуваат модните дизајнери. Засега, тоа не ѝ пречи, сè додека парите редовно пристигнуваат на нејзината сметка.
фото: Profimedia