Нејзините зборови ќе го погодат и најтврдото срце: Ќерката на Карлуша одржа лекција

Нејзините зборови ќе го погодат и најтврдото срце: Ќерката на Карлуша одржа лекција

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника тренира фудбал во „Црвена ѕвезда“. На познатиот клуб му се придружи во август, минатата година, а тоа гордатата мајка го сподели на Инстаграм, а сега откри дека е време за првото спортско интервју на нејзината наследничка.

Јелена не би била тоа што е доколку работите ги препушта на случајноста, па така тие двете започнаа со „подготовки за медиумите“. Бидејќи ги сподели на своето стори на Инстаграм, дознавме дека, покрај гените на татко ѝ, фудбалот е она што не бил првиот избор на Ника, туку тоа била одбојката, но кога заминала на првиот тренинг, се нашла во многу непријатна ситуација. Ника, искрено раскажа:

„Сите ме навредуваа. Ништо не зборував, но бев тажна. Бев дебела и требаше да ослабнам. Потоа започнав со диета, ослабнав 12 килограми, па повторно се здебелив...“

Потоа, следуваше советот од Јелена дека не треба да каже дека повторно се здебелила, туку е доволно да застане кога ќе каже дека „ослабнала“. По ова, девочето откри дека сега среќно поради тоа што тренира фудбал.

Сѐ уште е рано да се знае дали Ника во иднина ќе се занимава со женски фудбал или ќе работи некоја друга работа која ќе подразбира присуство во јавниот живот, но едно е сигурно - подобар учител за давање интервјуа од својата мајка, тешко дека ќе најде.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: