Некаде посоти личност иста како тебе: Еден сајт помага да го пронајдете својот двојник
Мајкл Шихан, доцент за невробиологија и однесување на Универзитетот Корнел, тврди дека на планетата постојат луѓе кои изгледаат како секој еден од нас.
Тој во својата најнова студија заклучи дека нашите лица еволуирале поради важноста на индивидуализмот за нашиот вид.
Размислете за ова: одите по улица и гледате многу лица. Колку од нив изгледаат скоро па идентично? Сега, прошетајте се низ парк и погледнете ги верверичките кои се мотаат околу. Можете ли да ги разликувате?
„Луѓето се навистина фасцинантно разновидни, но тоа не го гледате кај другите видови живи сушствена“ - кажа Шихан.
Што е со приказните кои ги читаме и кои се проследени со фотографии на кои двјаца луѓе изгледаат крајно слично? Можеби тоа значи дека на нашите гени им недостасуваат можности.
„Тоа е како Рубикова коцка, може да добиете многу варијации. Сепак, постои еден вид игра со броеви“- вели Мајкл.
Иако нашите карактеристики се разликуваат повеќе од на било кое друго животно, нашите гени не се разликуваат. Значи, ние не сме толку генетски разновидни. Затоа, бројките би диктирале дека одредени карактеристики на некој друг ќе личат на вашите и ќе бидат случајно комбинирани.
Но, тоа не значи дека некои луѓе се ваша копија во целост.
Погледнете ги двојници: можеби имаат иста насмевка, иста боја на очи, но погледнете ги од поблиску. Без сомнеж ќе воочите дека нешто не е сосема исто помеѓу нив двајца.
Меѓутоа, овде е присутно и влијанието на нашиот мозок.
Ако некогаш ви е кажано дека изгледате идентично како некој и сте се запрашале што не е во ред со видот на вашиот пријател, знајте дека станува збор за перцепција.
Иако најдобро се познаваме себе, секој ден го гледаме своето лице, особено од денот кога сме се родители, нашите пријатели би можеле да видат неколку слични особини кои им изгледаат исти како нашите.
На Инстаграм постои профил, „Twins Strangers“, кој им помага на љубопитните луѓе да ги пронајдат сличните на себе и успеваат во тоа, па така многумина се пронашле и запознале.
На споменатиот профил на Инстаграм, можеме да пронајдеме и обични луѓе кои си ги воочиле сличностите и со познатите ѕвезди, па во прилог на тоа ги проследиле своите фотографии.
„Twin Strangers“ е првенствено веб-страница која ви овозможува да го пронајдете својот двојник.
Сајтот е всушност фото албум кој им помага на луѓето да најдат совршена сличност со другите. После тоа, можете дури и да контактирате со таа личност и да се сретнете со неа.
Со седум милијарди луѓе во светот, забавно е, па дури и малку морничаво, да се мисли дека некој далеку од вас изгледа толку слично на вас што дури и ќе треба да погледнете двапати.
фото: Pexels