Некогаш пееше со Чолиќ: Повеќе не живее на Балканот, а денес е настрана од јавниот живот
Многумина од нас сигурно ги имаат чуено стиховите „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато, рекла сам мами кад порастем, удат чу се за тебе, зато растем и растем и једва чекам да порастем“ од песната „Чаје шукарије“ на Здравко Чолиќ.
По повеќе од две децении ѕвездата од оваа песна живее далеку од Балканот.
Поминаа 29 години откако Ивана Легин ја отпеа познатата песна, рамо до рамо со една од најголемите ѕвезди на Балканот, Здравко Чолиќ. На ова претходеше и улогата во култниот филм „Кудуз“.
Ивана денес живее и работи во Австралија. Има 33 години и се занимава со режија, продукција и маркетинг. Нејзината кариера ја прекина војната, а потоа јавниот живот никогаш не ја привлекувал. Таа во Австралија остварила неколку улоги, но како што открива тоа биле улоги од аматерски тип.