Некои работи можеме да ги научиме само од татковците: 9 лекции за животот кои секоја ќерка мора да ги знае
Татковците се неверојано важни фигури во животот на своите ќерки...
Тие треба да им покажат со нивниот пример дека улогата на таткото во семејството не е само да гледа спортски натпревари, туку и да учествува подеднакво во семејниот живот, извршувајќи ги оние работи што, како што вели поговорката, се наменети за мајките.
Ова се лекциите на кои секој татко треба да ја научи својата ќерка:
# Дека за него е посебна и најважна
Секое дете е единствено, но нема да го знае тоа сè додека не му го покажете со вашето однесување. Меѓу другото, задачата на таткото е да ѝ помогне на неговата ќерка да го открие нејзиниот вистински идентитет и да сфати дека таа е посебна (и најважна за него) во секој поглед. Таткото треба да го прифати и сака своето дете какво што е. Таквата љубов и поддршка му овозможуваат на детето да ги развива своите склоности и самодоверба, да стекне чувство за вистински вредности и да биде исполнето во животот.
# Дека го заслужува само најдоброто во животот
Природно е, секој родител да го посакува само најдоброто за своето дете, а за да се случи тоа, децата, особено женските, мора да научат да веруваат во себе. Улогата на таткото е да му покаже на своето дете како да сака и како да ужива во моментот сакајќи ги неговите „девојки“ (ќерката и нејзината мајка). Исто така, таткото треба да ја научи ќерката дека среќата е она што го прави човекот задоволен и дека тоа не зависи од мислењата и критериумите на другите луѓе.
# Да биде доволно силна
Една од најважните работи на кои таткото треба да ја научи на својата ќерка е да верува во сопствената сила. Верувајќи во сопствените способности, ќе го надмине стравот од неуспех и ќе ја добие потребната храброст за справување со проблемите, какви и да се. Како дел од овој процес, таткото треба да ја научи ќерката дека е неизбежно да се соочи со падови и неуспеси во животот, но и дека тоа не смее да ја спречи во нејзините нови обиди. Татковците се авторитети за ќерките и многу девојки често се угледуваат во нив.
# Дека треба да биде слободна да го искаже своето мислење
Да се надмине стравот за да се каже она што се мисли и чувствува, никогаш не е лесно, како за децата, така и за возрасните. Луѓето не сакаат да ги искажат своите вистински мислења / чувства, затоа што не сакаат да ги повредуваат, разочаруваат или лутат другите. Затоа, таткото треба да ѝ помогне на својата ќерка да го надмине овој страв и без страв да го каже што го мисли и како се чувствува, особено во кругот на своето семејство.
# Дека треба да биде самодисциплинирана
Самодисциплината е една од најважните и најкорисните вештини што секој човек треба да ја совлада. Се стекнува пред сѐ во семејството, при што таткото игра многу важна улога во градењето на внатрешната сила и самоконтролата кај своето мало девојче. Како и сите најважни животни лекции, и оваа се учи од примери. Одлучноста и посветеноста на таткото кон она што го прави ќе бидат доволни да го научат детето на дисциплина. Сепак, во воспитувањето, треба да се пронајде вистинската рамнотежа помеѓу премногу пријателскиот и премногу строгиот однос.
# Да знае како да се одбрани
Таткото отсекогаш бил заштитник на куќата, оној кој обезбедува сигурност на сите членови на семејството. Но, имајќи го предвид денешниот начин на живот, сите членови на домаќинството, без оглед на полот, треба да научат како да се заштитат од непријатни и ризични ситуации. Затоа, таткото треба да ја научи својата ќерка како да се брани од негативните влијанија и потенцијалните опасности. Бидејќи животот носи многу непредвидливи ситуации, ќерките исто така треба да научат да ги бранат своите интереси дури и кога нема маж до нив.
# Да биде независна
И оваа лекција е една од најважните во животот. Ќерката треба да разбере дека не мора да зависи од мажот, на кој било начин. Ова ќе го постигне со тоа што ќе ја охрабри во нејзините желби и интереси, ќе ѝ помогне во решавањето задачи, но само во потребната мера за да продолжи таму каде што има заглавено.
# Да изгради самодоверба
Самодовербата е билет за среќа во животот и доброто здравје. За да ѝ помогне на својата ќерка да израсне во безбедна личност, таткото треба да ја пофали, но најпрво нејзината интелигенција и способност, а дури потоа и изгледот. Секако, покрај тоа, девојчето треба да се чувствува сакано и почитувано, а тоа ќе помогне во градењето на емоционална интелигенција.
# Дека вистинска љубов е безусловна
Иако многумина велат дека родителството е една од најтешките улоги во животот, тоа исто така ви дава можност да му дозволите на вашето дете да ја почувствува моќта на безусловната љубов. Да се сака безусловно значи да се дава, без да се очекува да се добие нешто за возврат. Ако татко ја сака својата ќерка безусловно, таа ќе прерасне во личност со позитивен став кон машкиот пол. Ако на ова се додадат сите научени лекции, тоа би можело да биде добра основа за вашата наследничка еден ден да направи добар избор, кога е животниот партнер во прашање.
Фото: Shuterstock