Некои со задоволство би ги запалиле фотките од своите почетоци: Како изгледале ѕвездите на „Гранд“ на своите аудиции?
Секој кандидат морал да ја помине аудицијата, а сега кога ќе ги видат фотографиите и видеата од минатото, некои со задолство би ги избришале...
„Ѕвездите на Гранд“ и понатаму се најгледанато музичко натпреварување во регионот. За 14 сезони се појавија многу талентирани пејачи кои до стапнувањето на сцената на „Гранд“ биле анонимни, а денес се успешни.
Секој од нив морал да ја помине аудицијата, а сега кога ќе си ги видат видеата и фотографиите од минатото, некои со задоволство би ги избришале. А, кај некои тоа е доказ за тоа колку напредувале и успеале.
# Бане Мојичевиќ
Се појави во првата сезона од натпреварувањето, кога имаше само 17 години и со своите гласовни способности воодушеви многумина. Бане не само што ја помина аудицијата, туку и ја однесе победата и стана првата ѕвезда на „Гранд“.
# Тања Савиќ
Истата година се пријави и Тања, која на аудицијата пееше песна од Јана Тодоровиќ, а истата ѝ беше карта за да продолжи понатаму. Иако не ја однесе победата и го освои третото место, и ден денес е популарна. Кога се појави првпат изгледаше многу поинаку од она како изгледа денес, а сите ја паметат и нејзината прва аудија и период кога имаше кратка коса.
# Милица Тодоровиќ
На само 13 години се појави на аудиција. Слаткото девојче од Крушевац не можеше да ја совлада тремата пред жирито, но кога го пушти гласот, сѐ се промени. Милица се пријави и во 2015 година, кога ја однесе победата.
# Александра Бурсаќ
Во 2005 година за првпат се појави на аудиција, а потоа среќата ја проба и во 2007. Денес атрактивната бринета, некогаш имаше руса коса, а освен неколкуте ситни промени, многумина велат дека е иста, што за неа е комплимент.
# Рада Манојловиќ
Најголема трансформација имаше Рада, која по мислењето на многумина денес изгледа подобро од било кога. Првата аудиција во 2003 година не ја помина, а во меѓувреме сними албум кој не помина како што планираше. Потоа, во 2007 година повторно се пријави за натпреварување, кога го освои второто место.
# Катарина Живковиќ
И таа покажа дека упорноста се исплати, па два пати се пријави во натпреварувањето. И таа е многу променета, секако, на подобро, а денес е една од најпопуларните пејачки на „Гранд“.
# Вања Мијатовиќ
И таа два пати си ја проба среќата. Пред „Ѕвездите на Гранд“, Вања се занимавала со музика, но за да се слушне за неа, се имаше пријавено во ова натпреварување.
# Милан Топаловиќ Топалко
За натпреварувањето, Топалко се пријави на аудицијата во 2007 година и го освои регионот. Потоа, стана еден од пејачите со најмногу настапи.
# Дарко Лазиќ
На само 15 години, Дарко се обиде да стане дел од „Ѕвездите на Гранд“, но бидејќи гласот уште му мутирал, не поминал понатаму. Две години подоцна, се пријави повторно, кога ги фасцинираше сите со својата промена. Еден од натпреварувачите за кој се зборуваше дека е најголем талент откако постои натпреварувањето е токму Дарко.
# Александра Пријовиќ
Денес е една од најбараните пејачки, а многумина велат и дека е кралица на трансформациите. Освен изгледот, Александра во текот на кариерата го менуваше и стилот на облекување, а единствено нешто што го задржа од почетокот на кариерата е добриот вкус за песни. Секој нејзин албум е многу успешен, поради што е на врвот на сцената.
# Александра Младеновиќ
Иако во шоуто се натпреваруваше 4 години, Александра не се откажа. Таа уште како девојче се има пријавувано, па на сцената на „Гранд“ пееше на 11 години. Денес има многу ангажмани и постојано настапува, што е доказ дека нејзината упорност вредела.
# Милица Павловиќ
Денес ужива голема популарност, а уште на првата аудиција се забележа дека ќе биде на сцената. Осум години по првото појавување, Милица се обиде повторно и помина понатаму.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб