Неколку начини како да не се откажуваш од твоите новогодишни желби!
Многу од нас веќе си составија листа на цели за новата 2020 година, но голем број од нив ќе бидат заборавени по краток период.
Наместо лесно да се откажеш, пробај да ги следиш овие неколку совети кои ќе ти помогнат навистина да го оствариш сето она што си смислил/а пред новогодишната ноќ.
Биди единствена – целите како што се „Ќе се сакам повеќе“ или „Ќе излезам од комфорт зоната“ навистина се одлични, но исто така се и многу тешки за остварување. Затоа повеќе концетрирајте се на оние едноставните. Наместо да се држиш до една реченица, пробај да се сакаш себе така што секое утро во огледало ќе си кажеш колку си убава или силна или паметна. Или наместо само да размислуваш за својата комфорт зона, пробај да си зададеш цел секој ден да запознаваш некоја нова личност или да почнеш да зборуваш со некој со кој си мислела дека нема да можеш. Биди единствена.
Раскажи им на своите пријатели – доколку не е многу лична работа, би било добро своите цели да ги споделиш со најдобрата пријателка или мајка или некој кој те поддржува и бодри. Доколку твојата цел е да престанеш да ги грицкаш ноктите, тие ќе те опоменуваат секој пат кога ќе го направиш тоа. На тој начин, доколку заборавиш на своите цели, секогаш ќе има некој да те потсети.
Сконцетрирај се на позитивните, а не на негативните цели – најмногу новогодишни цели може да бидат негативни, во смисла „мора да престанам да го правам тоа...“. Поточно сакаме да исфрлиме нешто од својот живот. Но, тие воопшто не се забавни, па често поради тоа ни недостасува мотивација. Промени го начинот на размислување, па наместо да ги исфрлаш работите од животот, пробај да вметнеш нешто добро. На пример, наместо да сакаш да ја исфрлиш нездравата храна од животот, пробај да се натераш да јадеш здрава храна.Овој начин на размислување ќе те инспирира да не се откажуваш.