Неколку недели по веридбата: Бруклин Бекам се венчал во тајност?

Неколку недели по веридбата: Бруклин Бекам се венчал во тајност?

Објавена во: Совети // Семејство

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, 21 - годишниот Бруклин Бекам, ја изненади јавноста кога се вери во јули оваа година.

Негова избраничка е Никола Пелц, манекенка и богата наследничка со која е во врска околу една година, а веста ја споделија на Инстаграм.

„Ја запросив својата родна душа и таа ми кажа да. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и татко. Те сакам душо“ - тогаш напиша Бруклин на Инстаграм.

Таа себе се нарече најсреќна девојка на светот, а и неговата мајка Викторија порача дека многу ја сака.

Од тој момент, не престанаа прогнозите за венчавката и мечтаењето за тоа како би можело да изгледа тоа, но изгледа дека нема да има многу планови: иако парот најави дека ќе прави голема свадба во Велика Британија и САД во 2021 година, британските медиуми пишуваат дека Бруклин и Никола судбоносното да го изговориле во тајност.

Овие гласини ги подгреа фотографијата која двојката ја сподели на Инстаграм, а на кој се држат за рака. На неговата рака се гледа прстен кој личи на бурма, но официјални потврди за бракот се уште нема.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: