Некрунисаната кралица на „грди“ влечки: Девојка поседува повеќе од 100 пара „крокс“
За нив дефинитивно важи она - или ги обожаваш или не можеш ни да ги видиш на фотографија...
Обувките „Крокс“ кои ги носат сите генерации ширум светот, за кои многумина велат дека се грди, во последните години доживеаја вистински бум во продажбата. Ретко кој не поседува барем еден пар, ако од обувките не очекува естетски момент, туку удобност и практичност.
Иако важат за грди, гумените влечки и сандали се најдоа на листата најпосакувани обувки минатата година, а со нивниот дизајн си поиграа и познатите имиња од музичката индустрика, како порториканскиот рапер Бед Бани и поп изведувачот Џастин Бибер.
Она што дефинитивно важи за нив - или ги обожавате или не можете ни да ги гледате на фотографии.
Една Канаѓанка, корисничка на ТикТок, влегува првата категорија на луѓе. Таа ја покажа својата колекција и така стана една од најголемите обожаватели на овој модел на влечки.
Својата љубов кон кроксот ја покажа и актерката Пријанка Чопра која ги има во сите бои и ги носи дури и со свечени фустани, а на црвениот килим на минатогодишното доделување на Оскарите ги прошета и музичарот Квестлав.
Иако сите погореспоменати се големи фанови, Канаѓанката Рајан и понатаму води. Нејзината колекција вклучува дури 114 пара крокс и 700 гумени привезоци со кои се украсуваат влечките.
@rayann_prophet my croc collection throughout the years @crocs #crocs #collection #years #love #ambassador #shoes #follow #share #viral #trend #growing #comment #fyp #foryou House of the Rising Sun - sourwing_anti_cancer
Таа себе си се нарекува кралица на „крокс“, а во своето видео ја покажа својата импресивна колекција, која ѝ виси на ѕидот од собата.
„Почнав со еден пар и стотина следбеници, а сега имам 114 пара и повеќе од 300.000 следбеници“ - се пофали таа.