Нема да објавам стара фотка!: Деми Ловато го „хејта“ #10yearchallenge

Нема да објавам стара фотка!: Деми Ловато го „хејта“  #10yearchallenge

Објавена во: Stars // Музика

На Деми очигледно ѝ здодеа да ги гледа фотографиите од тоа како некој изгледал пред 10 години, па започна сопствен предизвик!

По тешката 2018 година , Деми Ловато во новата година влегува одлучна, силна и позитивна. По сè изгледа дека единствена одлука ѝ е таа дека нема да ги следи трендовите или едноставно навистина го мрази последниот предизвик?!

Како и да е Деми одлучи да му каже не на овој тренд, но фановите може да бидат мирни затоа што таа предложи подобра и поздрава алтернатива, пишува  Cosmopolitan.

„Жал ми е, би сакала да објавам #10yearchallenge фотографија, но премногу сум зафатена живеејќи во моментот...“, напиша таа на инстаграм „сторито“, и судејќи по коментарите на објавата, фановите се воодушевија од идејата.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: