НЕМА ДРУГО: Само ова е спас од изгорениците од сонце!
Високите температури се веќе тука, што значи дека сонцето е веќе пресилно, па затоа, доколку останеме на сонце подолго време, голема е можноста да ни настрада кожата, односно да се исуши или уште полошо - ќе изгори.
Кога тоа ќе се случи, нашето тело иницира одбранбен имунолошки одговор во кој ги уништува оштетените клетки. Слоевите на мртво ткиво се отстрануваат, така што новите клетки ги заменуваат старите. Во исто време, телото произведува дополнителен меланин - заштитен пигмент кој подобро го апсорбира УВ зрачењето, со цел да се спречи оштетување во иднина.
Третман на изгореници
Изгорениците од сонце обично добро заздравуваат сами по себе. За да се забрза процесот на заздравување, се препорачува одмор, избегнување на сонце, хидратација на телото и навлажнување на кожата.
Постојат различни степени на изгореници: изгорениците од прв степен го зафаќаат само надворешниот слој на кожата, а симптомите вклучуваат црвенило, печење, осетливост и мало затегнување на кожата.
За третман на помали изгореници, потребно е да му дадеме време на нашето тело природно да ја замени оштетената кожа, таквите изгореници треба да исчезнат во рок од 3-5 дена.
Потешките изгореници од сонце вклучуваат подлабок слој на кожата и им треба подолго време за да заздрават. Тие се придружени со појава на плускавци, воспаление, чешање, печење и болна чувствителност на кожата. При тешки изгореници, кожата почнува да се лупи по 4-7 дена. Важно е да не го допирате, туку да дозволите природно да се регенерира.
Силното изложување на сонце, кое доведува до потешки изгореници, може да доведе и до топлотен удар. Предизвикува симптоми како што се висока температура, вртоглавица, дехидрација, гадење, повраќање и несвестица. Во тој случај веднаш треба да се јавиме на лекар.
Како природно се третираат изгорениците од сонце?
Не постои специфичен или совршен природен лек за изгореници од сонце. Така, едноставно и е потребно одредено време за кожата да заздрави сама по себе. Сепак, можно е да се ублажат болката, вкочанетоста и непријатноста. Има бројни совети, а ние ви ги издвојуваме најефикасните:
Компреси со ладен чај
Доколку е потребно, сварете еден литар црн чај, чај од нане или камилица, а потоа изладете го. Натопете чиста крпа во чајот и нанесете ја на погодената област за моментално ублажување на болката.
Танинската киселина во црниот чај ја црпи вишокот топлина од кожата и помага да се врати рамнотежата на pH вредноста, што го прави добар природен лек за изгореници од сонце.
Ладна бања
Подгответе ладна купка во кадата за да ја изладите и смирите кожата, а можете да додадете на неа што сакате:
- една шолја јаболков оцет, бидејќи ја балансира pH вредноста на кожата и го промовира нејзиното заздравување
- една чаша овесна каша, бидејќи ја смирува иритацијата, го намалува воспалението и и помага на кожата да ја задржи природната влажност
- неколку лажици сода бикарбона, бидејќи ја ублажува иритацијата и црвенилото.
Алое вера
Ова растение содржи лековити растителни материи кои го намалуваат воспалението, хидрираат и го спречуваат лупењето на кожата, па затоа секогаш се препорачува во хербалната медицина како природен лек за изгореници.
Отсечете парче од листот на растението и нанесете го гелот директно на кожата за моментално, смирувачко олеснување. За изгореници кај децата, алое верата е најдобриот природен лек бидејќи го намалува чешањето и воспалението, а може да се користи и орално за дополнителна хидратација на организмот.
Домашен лек за изгореници
За лекување на изгореници во народната медицина се препорачуваат ладно кисело млеко, јогурт или краставици.
А можете да го пробате и овој рецепт за природен крем:
Ти треба:
- 1/4 чаша кокосово масло
- 1/4 чаша гел од алое вера
- 10 капки есенцијално масло од лаванда
Измешајте еднакви количини кокосово масло и гел од алое вера, додадете 10 капки масло од лаванда и измешајте ги сите состојки додека не добиете кремаста текстура.
фото: Профимедиа