Нема кој да прашаш: Тука имаш сѐ што треба да знаеш за кондомите

Нема кој да прашаш: Тука имаш сѐ што треба да знаеш за кондомите

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ќе се сложиме дека секој тинејџер и тинејџерка размислуваат за сексот, но не му е удобно на секој да разговара со родителите на оваа тема.

Сепак, доколку размислуваш за тоа или пак имате секс, многу е важно пред тоа да зборувате со возрасен човек на кој му верувате, но и да користите заштита. Кондомот е најдобра форма на заштита, затоа во продолжение ќе ти дадеме одговор на најчесто поставуваните прашања за кондомите.

# Што е кондом?

Кондом и презерватив е предмет изработен од гума, латекс или слични растегливи материјали кој се повлекува преку машкиот полов орган и претставува средство за контрацепција, бидејќи го спречува изливот на сперма во женскиот полов орган и штити од полово преносливи болести, како и заштита од заразата - ХИВ, преку сексуален однос.

# Како се користи?

Кондомот се купува во мало пакување. Кога ќе се отвори треба внимателно да се рашири. Кондомот се става на врвот на пенисот во ерекција. Потребно е да се води сметка да биде свртен на страната од која е можно да се одмота до крај. За кондомите кои немаат место на врвот, се притиснува врвот со два прста за може да се остави доволно простор за собирање на спермата. 

Овој процес е опишан и во една епизода од серијата „Sex Education“ која се емитува на Нетфликс.


# Што се прави со искористениот кондом?

По ејакулацијата, кондомот треба да се отстрани што е можно побрзо. Треба да се води сметка кога се вади кондомот, за на некој начин спермата од него да не протече во женскиот полов орган. По ајакулацијата мажот би требало со прсти да ја провери состојабата на кондомот за да увиди дека не е дојдено до пукање. По отстранувањето кондомот се замотува во влажно марамче или тоалетна хартија и се фрла во ѓубре.

# Како може да провериме дали кондомот е безбеден за користење?

Препорака е да се купуваат кондоми од реномирани брендови кои долго постојат и години наназад продаваат вакви производи. Тие се медицински исправни и ги поминале сите можни испитувања.

# Колку е ефикасен во борбата против сексуално преносливите болести?

Не даваат комплетна заштита од сите можни болести, единственото нешто што е 100% сигурно е спстиненцијата, но даваат добра заштита од кламидија и сличните сексуално преносливи болести.

# Каде може да се купи?

Кондомите се многу поволни и достапни се насекаде. Во сите можни супермаркети, дрогерии, аптеки. Нивната цена се движи во просек од 100 до 200.

# Поради што имаат рок на траење?

За корисникот да може да биде сигурен дека кондомот ќе го заштити на вистински начин, секое пакување има рок на траење до кога треба да се искористи. Причината лежи во тоа што со текот на времето латексот слабее и ја губи свежината.

# Што доколку сум алергичен/алергична на латекс?

Многу е тешко да се утврди дали е некој алергичен на латекс, бидејќи симптомите најчесто се благи и невидливи. Симптомите како осипи и чешење се многу ретки. Доколку пак ви се јави алергија на овој материјал, потребно е да бирате кондоми кои се направени од други материјали.

# Дали е вистина дека 2 кондоми се лоша идеја?

Вистина е. Два кондоми, еден над друг секако е лоша идеја, бидејќи шансите да пукнат и двата се многу големи. Не е предвидено на пенисот да се ставаат два презевативи и не треба да се експериментира, бидејќи наместо дупла заштита ќе добиете спротивен ефект. Затоа, како што е предвидено - така треба и да се користат.

# Може ли да се користи под вода?

Нема причина зошто не би можело да се користи, но сепак тоа не е препорачливо. На пример доколку морето е немирно и има големи бранови, тоа може да предизвика кондомот да испадне.

# Доколку го оставиме во автомобил на висока температура, може ли тоа да влијае на неговата ефикасност?

Може. Иако нема конкретни докази за да се потврди оваа претпоставка, она што е факт е дека големата топлина може да го оштети латексот и веројатноста да пукне кондомот да се зголеми.

# Што да направиш доколку твојот партнер не сака да користи кондоми?

На многу луѓе кондомите не им се удобни, но сето тоа е само навика. За да бидете заштитени потребно е да се направи оваа „жртва“. Секогаш постои можност во експериментирање со брендовите и секогаш се препорачува да се одбираат најтенките кондоми, бидејќи тие самите по себе се најудобни.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: