Нема крај на лудите и опасни предизвици: Поради најновиот млади завршуваат во болница!

Нема крај на лудите и опасни предизвици: Поради најновиот млади завршуваат во болница!

Објавена во: Совети // Другарство

Се шири нов предизвик помеѓу младите, а последиците можат да бидат опасни по живот.

Неколку деца од САД завршија со сериозни изгореници поради најновиот одвратен и застрашувачки тренд. Во последно време стана популарно тинејџерите да се снимат како пијат или како се полеваат по телото со врела вода.

Последниот инцидент се случи во Кентаки, каде 11 годишно момче, Били Оливер беше хоспитализиран со изгореници од втор и трет степен, откако неговов пријател го полил со врела вода додека спиел. Неговата мајка Патрициа Оливер на својот Фејсбук профил објваи фотографии од изгорениот врат и грб на својот син, се со цел да ги предупреди родителите за овој опасен тренд кој владее.

„Ова е предизвик! Ве молам разговарајте со вашите деца. Јас живеам во ноќен кошмар, немав поим дека децата го прават ова. Мојот син преноќуваше кај својот најдобар другар, но тоа го прави постојано. Заминал на спиење, а се разбудил кога неговиот другар го полил со врела вода, смеејќи се, додека за тоа време моето дете се обидувало да ја соблече облеката. Луѓе, ве молам да разговарате со вашите деца. Додека моето дете спиело, тој греел вода за да го полие“ – напишала мајката во драматичната објава. Мајката на другото дете е уапсена, бидејќи не повикала брза помош.

Предизвикот со врела вода е еден од бројните кои се проширија преку социјалните мрежи, само што овој пат станува збор за животна опасност.

Најпрво се појавија снимк на Youtube, пред неколку години, каде се гледа како деца си ја ставаат раката под врела вода од славината. После тоа се појави и едно страшно видео во кое девојче со жешка вода го поли своето братче. Во секој случај, овој предизвик е со една цел, да ги инспирираа децата што повеќе да го прават истото.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: