Нема потреба од постојано перење: Како најдобро да ги дезинфицирате платнените маски по носењето?
Пеглата на пареа е одлично дезинфекциско средство...
Поради недостатокот на маски за заштита во аптеките, многу луѓе беа креативни и започнаа да прават сопствени.
Меѓутоа, веднаш се јави и прашањето колку маски треба да направите за после секое носење на истите да ги си дезинфицирате со тоа што ќе ги исперете?
Експертите дадоа едноставен одговор на ова прашање - нема потреба од перење по секое носење. Се што треба да направите по доаѓањето дома е да ја вклучите пеглата и со пареата да ја стерилизирате маската која сте ја носеле.
Имено, пеглата на пареа од 100 степени е најдобра дезинфекција не само за маските, туку и за целата облека која сте ја носеле на себе - маичка, сако, панталони.
Исто така, на истиот начин може да ги дезинфицирате и перниците, завесите, односно се она што треба да дезинфицира во периодот кога има недостатокот од средства за дезинфекција.
Доволно е само еднаш да поминете со пеглата од секоја страна за вашата маска, па и облека да биде 100% дезинфецирана.