Нема резервни асистенти за децата со попреченост: Инклузијата на тест на парите

Нема резервни асистенти за децата со попреченост: Инклузијата на тест на парите

Објавена во: Совети // School zone

Има недостиг на асистенти за децата со посебни потреби и попречености кои се школуваат во училиштата во Скопје. Родители и наставници од училиште во скопската општина Карпош велат дека по вклучувањето на овие деца во образовниот процес дел од нив по некое време немаат пратители асистенти со што им се отежнува инклузијата. Дополнителен проблем е што попради малиот месечен износ кој е предвиден како надомест за пратителите, многу од нив се откажуваат брзо и замената може и да потрае. Таков проблем се јави во општина Карпош. Оттаму за Фактор велат дека во моментов немаат резервни асистенти, но тврдат дека повеќето барања им биле одговорени односно колку асистенти требале толку и испратиле. Сепак искуството покажува дека има деца кои и покрај утврдениот дефицит, немаат асистент па на училиште одат по само еден час.

Бројот на асистентите кои се потребни е зголемен во последниот период, а во општините тие се обезбедуваат во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи. Од општината за Фактор велат дека барањето за асистент треба да го поднесе родителот или старателот на ученикот, но за тоа е потребно и мислење од Заводот за ментално здравје за деца и младинци. Станува збор за проект кој е добар и со кој им се помага на децата, но искуството покажа дека има и некои недоследности.

„Во секое училиште се испратени онолку пратители, колку што имало потреба. Доколку некој од пратителите се откаже, во меѓувреме се побарува друг пратител.За истото се известуваат и надлежните институции. Надлежните во Општината не одлучуваат на кое дете му е потребен пратител, бидејќи родителите се тие кои го побаруваат асистенот. Комплетната документација се доставува до УНДПи одлуката за потребата од пратители е на УНДП, велат од општината.

Инаку само во оваа општина, во моментот имало вкупно 37 пратители, од кои 20 ги плаќа УНДП, а 17 ги плаќа Општина Карпош.

„Според бројот може да се каже дека во Општина Карпош има најмногу побарани и доделени пратители во цела држава. Месечниот износ на еден пратител е 7.200 ден, а резервни асистенти во моментов немаме, додаваат од општина Карпош.

Инаку асистените можат да бидат лични и образовани, а најголем број на пријавени кандидати се за лични асистенти, додека за образовни во многу мал број.

Инаку, нема точен податок колку деца со попреченост се вклучени во училиштата во Карпош, а таква статистика нема ни за другите општини. Општините требаше во своите буџети да одредат пари и за асистентите ама се тврди дека тоа малку од нив го сториле.


A.T.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: