Нема срам од работа: Панчо и Огнен Здравковски стануваат пица мајстори
Доказ дека кризата ги погоди и пејачите...
Поради кризата во која се наоѓаат пејачите, музичарите и диџеите, Владимир Блажев- Панчо од ДНК или диџеј Шорти Пи реши да ја смеи професијата, барем во периодот додека трае кризата. По обука од две недели, Панчо работи во пицерија во неговата населба како пица мајстор.
„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на тимот што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи“, сподели тој на Фејсбук. За Женски магазин, тој раскажа за искуството како пица мајстор, а го пофали и својот колега Огнен Здравковски кој работи како продавач во истиот локал и според Панчо одлично се снаоѓа.