Немале секогаш привилегии: Познати личности кои биле исфрлени од училиште

Немале секогаш привилегии: Познати личности кои биле исфрлени од училиште

Сите знаеме колку училиштето и образованието се важни. Учењето, пишувањето домашно, трудољубивоста - сето ова е дел од училишното искуство, а сево ова се потврди и со воведувањето на учењето на далечина поради неможноста за одењето на училиште, предизвикана од пандемијата. 

Но, за жал одредени ученици, кои не одговараат на своите задачи се приморани да го напуштат училиштето, а со истите маки се соочиле и неколку познати личности.

Познато е дека некои познати личности не го завршиле своето школување и запливале во водите во кои се успешни и денес. Изгледа училиштето не е за секој и дека некои лекции се учат на потешкиот пат.

Од училиште, учениците може да бидат исфрлени поради различни причини, но најчесто станува збор за кршење на некои од главните правила. Изгледа дека некои познати личности ги занемариле училишните правила и биле исфрлени од училиште. Во продолжение погледнете кои се вбројуваат во оваа листа:

Роберт Патинсон

Ѕвездата на „Самрак“ сега е голема холивудска ѕвезда, а призна дека порано воопшто не бил „фаца“. Роберт вели дека не бил добар ученик кој никогаш не пишувал задачи и дека бил исфрлен од училиште. Изгледа дека актерот не бил брилијатен на училиште, како сега на филмовите.

Кети Пери

Познато е дека Кети потекнува од многу строго и католично семејство и дека со нив имала проблеми кога го објавила совјот прв хит „I kissed a girl“. Токму поради тоа голем шок за семејство било и кога ја исфрлиле од училиште. Имено, пејачката е исфрлена поради тоа што се триела од дрво. „Глумевме во претстава по грча митологија. Јас бев Афродита, а мојот љубовен партнер не беше на сцена, па јас го искористив дрвото. Посетував католичко училиште“ - објаснува Кети.

Рајан Гослинг

Актерот се појавил на училиште со кујнски ножеви, се заканувал и со тоа ги преплашил сите соученици. На Рајан подоцна му е дијагностицирана хиперактивност, а поради тоа бил сместен во одделение кое било прилагодено за него. Подоцна не се појавил сличен проблем.

# Лили Ален

Наградата за најлоша ученичка на сите времиња оди кај пејачката Лили Ален. Лиле е исфрлена од 13 училишта, а на 15 години се откажала од училиштето. „Тоа се случи поради работите кои ги правев со момчињата, а не беа примерни за мојата возраст. Поракј тоа - пиев и пушев цигари“ - искрено раскажа Лили.

# Ејми Вајнхаус 

Пејачката со неверојатен талент, која за жал повеќе не е со нас, често имала проблеми со однесувањето. Освен тоа, Ејми е исфрлена од училиште, бидејќи еден ден се појавила со пирс на носот. Пирсевите се против правилата на училиштата.

Селма Хајек

Актерката одела во католичко училиште и често сакала да им прави проблеми на чесните сестри. Секако, поради таквото однесување е исфрлена од училиште.

# Снуп Дог

Раперот е исфрлен од училиште додека се уште го користел своето име кое гласи Келвин Кордозар Броадус Џуниор. Снуп Дог е исфрлен уште од основното училиште поради недолично однесување. Изгледа дека и тогаш го имал ставот „не ме интересира“.


Можеби ќе ве интересира: