Немања Гудељ фотографиран со русокоса на задно седиште: Исплива фотографија од роденденот на Анастасија Ражнатовиќ (ФОТО)
Никогаш видена фотографија од Немања Гудељ на роденденот на Анастасија...
Минатата година во јуни, кога Анастасија Ражнатовиќ го прославуваше својот 24 роденден, целото семејството Гудељ присуствуваше на прославата.
Убави, средени и расположени наздравуваа во чест на миленичката во семејството Ражнатовиќ, а јавноста тогаш за првпат го виде и нејзиното ново момче - познатиот фудбалер, Немања.
Во вилата на Цеца, вечерта пред големата прослава, двете семејства со фотографија ја овековечија средбата и запознавањето, кога Немања со еден потег успеа да ги расплаче Цеца и Анастасија, подарувајќи ѝ на својата девојка портрет од нејзиниот починат татко Аркан.
Ова воедно беше и најубавиот подарок кој ќерката на Цеца некогаш го добила.
„Подарокот на Немања ме расплака и ме допре во исто време. Многу емотивно го доживеав тоа, но не би сакала да зборувам“ - кажа Цеца, и откри што таа ѝ подарила и посакала на својата наследничка.
„На секоја мајка ѝ е важно децата да ѝ бидат живи, здрави и среќни. Тоа и јас ѝ го посакав на Анастасија. Што се однесува до подарокот, од мене ја доби оваа забава. Малку ли е?“ - кажа таа низ насмевка.
Утредента сѐ беше подготвено за роденденската забава на која присуствуваше половина естрада. Папараците беа вредни и не стоеја залудно. Љубопитното око на фоторепортерите забележа прекрасни моменти од самата прослава и гостите кои се забавуваа.
Така настана и фотографијата на која Немања Гудељ на задното седиште од автомобилот седи со русокоса, која внимателно го слуша. Со нив во автомобилот седеше и Драги Гудељ, братот на Немања.
Која е русокосата која тогаш водеше сериозен разговор со момчето на Анастасија, никој не е сигурен, но сите подоцна одлично се забавуваа на прославата.
фото: Принтскрин / Инстаграм