Немој никогаш да зборуваш така: Девојка изјавила дека не е вредна за своето момче, па добила порака која сите девојки мора да ја слушнат
Еден коментар содржи важна порака за сите девојки и жени со комплекс на помала вредност во врските...
ТикТокерката Меди објави видео со фотографии од своето згодно момче. Во коментар напиша дека нејзиното момче е повеќе вредно од неа.
„Моето момче е многу поубаво од мене, никој не може да верува дека сме заедно кога ќе нѐ видат“ - вели Меди.
@travelwithmadi Beard, mustache, short hair, long hair, HE MY TYPE!!! HE MY BOO! #hotbfcheck #futurehusband #mytype #couplegoals #outofmyleague #nottoflexbut I Like Him - Princess Nokia
Нејзините следбеници на социјалните мрежи се сложија дека нејзиното момче е навистина згодно. Дури, го споредија со Лук и Лиам Хемсворт. Но, многумина ѝ оставија и многу важна порака, потсетувајќи ја на нешто што и самата го заборавила.
„Престани да го зборуваш тоа, те молам. Да, тој изгледа добро, но ти не го гледаш она што другите го гледаат, а тоа е дека и ти си исто презгодна. Подеднакво си вредна, те молам, знај дека вредиш“ - стои во коментарот на еден од нејзините следбеници.
Ова е добра порака за сите девојки кои во врската ги мачи чувството на помала вредност. Престанете да го гледате својот партнер како некој кој е подобар или поубав од тебе. Таквите анализи не водат никаде, бидејќи сте прекрасни и вашето момчето ве одбрало зошто сте совршени.
Но, што ако имаш момчето кое постојано ти ги посочува своите успеси или пак отворено ти зброува дека можеш да бидеш среќна, бидејќи тој сака да биде со тебе? Бегај од таков, имаш работа со манипулатор. Не ти треба некој кој ќе ти руши самодовербата, туку ти треба таков кој ќе го цени твојот труд, работа, животни остварувања и кој ќе биде заљубен во твојата внатрешност.
фото: Принтскрин / Инстаграм