Необичен распоред на спиење на Кејт и принцот Вилијам: Една работа на никој не му е јасна-зошто спијат вака?
Во палатата Кенсингтон, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон живеат во станот број 1А, а неодамна беше откриен и распоредот на нивната спална соба, што изненади многу обожаватели на кралското семејство.
Распоредот на собите на кралската резиденција всушност покажува дека Кејт и Вилијам имаат две главни спални соби, но нивното сместување во куќата збуни многумина, бидејќи и двете спални се на приземје.
Еден коментар гласеше: „Кејт и Вилијам спијат долу...не можеа да се сместат во една од 20-те соби на катот?“ Повеќето просечни домови имаат спални соби на горните катови од куќата, но во овој случај тие се резервирани за нивниот персонал.
Нивниот персонал ја вклучува и кралската дадилка Марија Тереза Турион Борало, која работи со полно работно време за војводата и војвотката и се грижи за нивните деца, деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Луис.
Иако многумина сметаат дека е невообичаено парот да има две одделни спални соби, ова е всушност доста вообичаено во кралските кругови и меѓу аристократијата.
Братучедката на принцот Филип, Лејди Памела Хикс, објасни дека аристократите „секогаш имале посебни спални соби“. Таа ги објасни и причините за оваа традиција: „Во Англија, повисоките класи на општеството секогаш имаат посебни спални соби. Тие не сакаат да бидат вознемирени од нечие 'рчење или некое постојано движење во текот на ноќта и да им го наруши сонот“. „Меѓутоа, кога сакате, секогаш можете да ја делите просторијата. Убаво е да се има избор“.Иако обожавателите на кралското семејство не добија шанса да видат како изгледа делот од резиденцијата во кој се сместени спалните соби, како и внатре во нив, сепак, погледнаа во другите делови од палатата.
За време на посетата на Барак и Мишел Обама во 2016 година, беа објавени фотографии од поранешната претседателска двојка на САД во домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Нивната гостинска соба, или просторијата каде што ги примаат посетителите, е типична за палата, со мебел со цветни дезени, златни детали и многу антиквитети.
Иако локацијата на нивните спални соби е невообичаена, она што е изненадувачки нормално е тоа што детските соби се опремени со мебел од Икеа. Очигледно, тие го избрале овој познат шведски бренд поради издржливоста на производот.