Необични правила кон кои децата на Кардашијан треба да се придржуваат: Некои од овие 11 се луди

Необични правила кон кои децата на Кардашијан треба да се придржуваат: Некои од овие 11 се луди

Објавена во: Совети // Семејство

Мислиш дека е лесно да си дете на Кардашијан?

Е, не е баш. Во ова семејство постојат строги правила кон кои сите треба да се придржуваат, а имаат и посебен сет на правила за однесување за децата. Некои од овие всушност звучат многу добро и се корисни иако не се баш вообичаени.

# На никој не смеат да му кажат дека е дебел

Кортни Кардашијан во една епизода од нивното реално шоу раскажа дека нејзините деца не смеат да го користат зборот „дебел“ во смисла да му го кажат на некој или на себе. Тој збор воопшто не го ни споменува пред нив, бидејќи сака да бидат што е можно помалку изложени на него.

# Смеат да носат екстензии

Самисли на 10 години да си смеела да ставиш екстензии во косата? Мајките тоа не ни го дозволувале ниту многу подоцна, но изгледа дека ова кај Кардашијан е нормална пракса. Сите сестри на своите деца, иако се прилично млади им ставаат екстензии.

# Ако нешто не сакаат да го прават, ги подмитуваат

Професионалните фотосесии за магазините воопшто не се место за децата, но Ким има добра тактика со која секогаш ја тера Норт да соработува, а тоа е подмитување со благи задоволства. Тактиката со подмитување ја користи за разни ситуации, на пример кога не сака да оди на училиште, ја подмитува со нови шминки.

# Секое дете има свој личен телохранител

Звучи апсолутно лудо, но кога ќе се сетиш колку се познати и не е нешто толку чудно. Ким многу се плаши да не ѝ ги киднапираат децата и затоа тие не може да одат никаде, доколку со нив нема телохранител.

# Снимањето на реалното шоу е топ приоритет за децата

На пример, еден близок пријател на семејството откри дека Масон Дисик, синот на Кортни, не можел да оди во градинка со деца, бидејќи тоа се поклопувало со снимањето на новите сезони од шоуто и така морал да остане дома и таму му оделе дадилки со кои си играл и од кои учел, пишува „Your Tango“.

# Децата се појавуваат пред камерите, но не смеат да ги гледаат снимените епизоди

Можеби кога ќе пораснат малку, но засега ова им е забрането, особено гледањето на старите епизоди. Не сакаат да им објаснуваат кои се луѓето кои повеќе не се во нивните животи, на пример кој е Крис Хемфрис.

# Не смеат да носат розово

Ова правило најверојатно повеќе не постои, но толку е лудо што мораме да го споменеме. Канје Вест ја презира розовата боја и ѝ забранил на својата ќерка Норт да ја носи. Претпоставуваме дека ова правило повеќе не важи сега кога тој и Ким се пред развод. Канје наводно верува дека е клише жените да носат розово и не сака да го гледа тоа на својата ќерка.

# Многу се ограничени со технологијата

Кортни во своето домаќинство има поставено правила кои одредуваат колку време во текот на денот смеат да бидат пред екраните и кога тоа време ќе истече, тоа е тоа. Па така, имаат лимитирано време за играње видео игри, гледање на телевизија, поминување време на мобилните телефони. И Корнтни не е единствена која има такви правила.

# Тие се на посебни диети

Ким во едно интервју откри дека Норт е песетаријанец, дека има вегетаријанска исхрана, но дека јаде и морска храна и риба.

# Ги делат роденденските прослави

Иако нивните роденденски забави се екстравагантни, нема многу расфрлање. Ако датумите на родендените им се блиску, имаат заеднички прослави. Норт Вест и Пенелопе Дисик имаат роденден во јуни и затоа со години ги слават заедно.

# Сторми не смее да гледа телевизија

Тревис Скот откри дека воопшто не ѝ дозволува на Сторми да гледа телевизија. Децата денес се толку изложени на технологијата и воопшто не си играат надвор и изгледа дека тоа не му се допаѓа на Тревис. На Сторми сигурно нема да ѝ недостасува ова, бидејќи како што откриваат другите во семејството, таа има толку играчки со кои може да си игра со што животот дефинитивно не ѝ изгледа како живот на типично девојче.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: