Необичниот изглед го однесе во светот на модата: Децата ме гледаат и прашуваат зошто имам точки по лицето (ФОТО)
Неговото лице е прекриено со пеги, а тие, како што вели, во животот му донеле подеднакво добри и лоши работи...
Иако последните години повеќе од било кога се зборува за дискриминацијата на „поинаквите“ луѓе, ситуацијата како да не оди на најдобро. Личностите поради своите различности и понатаму трпат погледи, осуда и коментари од другите луѓе, а како изгледа тоа, знае и Елиот Џеј Брун (25) од Лондон.
Имено, лицето на Елиот е прекриено со пеги, а тие, како што вели, во животот му донеле подеднакво добри и лоши работи.
„Секој пат кога ќе влезам во автобус и ќе застанам пред некое мало дете, тоа прво погледнува во мене и потоа го слушам како ги прашува родителите: „Зошто ова момче има толку точки на лицето?“ или „Што му е тоа на лицето?“. Да, се сметам за чуден и поинаков од другите, но тоа е добро“ - вели Елиот, кој често се појавува во модните магазини или реклами за познатите модни куќи токму поради својот необичен изглед.
Како што вели, никогаш не замислувал дека ќе се занимава со моделинг, но луѓето од околината го убедиле дека би требало да го искористи својот специфичен изглед.
Неговото лице е толку впечатливо што се појави во бројни познати магазини, како стотиот број на „Вог“.
„Ми зборуваа дека сум посебен, поинаков од другите, дека имам посебно лице, очи и насмевка. Така одлучив да се обидам и брзо напредував во светот на модата“ - вели ова момче.
Освен по моделингот, Елиот е познат и по скејтбордингот, а своите видеа редовно ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм, на која го следат повеќе од 20.000 луѓе.
„Скејтбордингот ми дава чувство на слобода, бидејќи сум тип кој не може да седи на едно место. Постојано сум надвор, бидејќи морам да ја ослободам таа енергија која ја имам во себе“ - заклучи Елиот Џеј Брун.
фото: Принтскрин / Инстаграм